Совети за пишување на резиме за кандидати за работа над 40 години

Совети за пишување на резиме за кандидати за работа над 40 години

Подготвил: Тамара Гроздановски

Влеговте во вашите 40-ти и 50-ти и се`уште не можете да пронајдете работа? Претпоставувате дека проблемот е вашата возраст, меѓутоа проблемот речиси сигурно е вашето резиме.

 

кариера


Следете ги следните чекори кога пишувате резиме кои ќе ви овозможат барем интервју за работа без разлика на вашата возраст.

Ограничете ја должината на вашето резиме до две страни

Кога ќе стигнете до 40-та или 50-та, веројатно ќе соберете доста искуство. Без разлика на тоа колку ова искуство е важно, мора нешто да исфрлите доколку резимето достигнува две страни. Единствените исклучоци се објавените автори (особено во академските институции).

Предолгото резиме вели:


„Не знам како да го прилагодам моето резиме и како да потенцирам што е важно за оваа работа, такашто мора да значи дека или не ја сфаќам работната позиција добро, или имамо лошо расудување“ и

„Имам над 40 години - нешто што можеш да го видиш од мојата долга листа на работни места (Возрасната дискриминација е гадна реалност на работното место).

Сепак, вашето искуство може да ви помогне тука. Бидејќи имате толку многу искуство, можете да ги изберете најдобрите искуства и најдобрите работни места за да создадете вистински маркетинг документ. На тој начин вашето резиме ќе биде исполнето со импресивни достигнувања прилагодени за секое работно место.

Не го ставајте секое работно место на резимето


Вклучете ги само последните 10-15 години. Ако имате повеќе од 20 години искуство, вашите претходни работни места веројатно нема да имаат многу голема врска со она што го работите денес.

Изоставете ги датумите од дипломирањето

Во резимето напишете само какво високо образование имате, но не и датумите кога сте биле на факултет и кога сте дипломирале. Ако имате дополнителни обуки, курсеви или сертификати, добро би било да ги спомените, меѓутоа не додавајте години. Датумите не се ни малку важни.

Елиминирање на било какво споменување на референци

Вклучувањето на препораките на вашето резиме е застарено. Тоа значи дека ако ги вклучите препораките, работодавците ќе знаат дека станува збор за постара генерација на работници. Работниците очекуваат да имате листа на препораки само тогаш кога тие ќе ви побараат.

Измерете ги вашите достигнувања

Ова е важен совет за сите, без разлика на годините. Потребно е да ги измерите вашите достигнувања, односно да ги опишете користејќи броеви, пари и проценти. Размислете што сте оствариле или постигнале на секое работно место на кое сте биле вработени. Дали сте им помогнале на компаниите за кои сте работеле да направат пари или да заштедат пари? Дали сте им заштедиле време и дали сте ја зголемиле ефикасноста? Овие бројки ќе го привлечат вниманието на работодавците.