Економската книга која треба секој да ја прочита

Економската книга која треба секој да ја прочита

Подготвил: Тамара Гроздановски

економија

 

Едно од највознемирувачките нешта за нашата економска ера е нејзината спротиставеност. Платите се рамни, а сепак комапниите цветаат. Каматните стапки остануваат речиси без преседан во пад. Едвај се гледа растот, и не доаѓа од местата кои се очекуваат и е побавно отколку што се очекува во Америка и Европа, и покрај незамисливите пари од страна на владите уште од финансиската криза. Економскиот јаз е најголем во историјата.


Доколку сакате да го сфатите овој разделен свет и во која насока тој оди, не постои подобар преведувач од Мохамед Ел-Ериан. Ериан е поранешен извршен директор на „PIMCO“, најголемата фирма за тргување со обврзници во светот, а моментално е главниот стратег за „Allianz“, компанија за осигурување. Во неговата книга „The Only Game In Town: Central Banks, Instability and Avoiding the Next Collapse“ е одличен водич за тоа како светот успеа да стигне дотука. Исто така, ова е водич за тоа што да се очекува како што светот се бори да се справи со побавен, помалку еднаков раст и појавата на популизмот, национализмот и грдата партиска политика која ја гледаме во земјите од Америка па се` до Франција и Кина.

Во центарот е Централната банка. Централната банка е задолжена за контрола на понудата на пари во светот и како брзо и лесно може да се движи меѓу земјите, компаниите и џебовите на потрошувачите. Во екот на финансиската криза во 2008 година и Големата рецесија, тие беа присилени, во голем дел благодарение на политичкиот ќор сокак во многу земји, да испумпаат незамисливи суми на пари во глобалниот систем - околу 22 трилиони долари и да ги намалат каматните стапки на нула. Сето ова функционираше, па наместо Големата депресија ние добивме нова нормала на забавен раст.

Но на таа нова нормала (термин кој Ел-Еериан сам го измислил) и` доаѓа крајот. Она што ќе ја замени ќе биде период на економска и политичка нестабилност. Тоа заедно со нестабилноста која само што започнавме да ја доживуваме, како и со растењето и паѓањето на пазарите како и најновите вести од Кина или од нафтените пазари, утре ќе биде полошо отколку денес.

Како што пишува Ел-Ериан: „Дури и заедничкото етикетирање на индустријата се промени - од „финансиски услуги“ во само „финансии“. Наместо да го гледаме Вол Стрит како она што треба да биде - помошник во бизнисот - тој стана опашка која кучето ја мавка“.

Постојат многу важни последици кои го спречуваат растот. Меѓутоа онаа на кој Ел-Ериан се фокусира е растечката моќ на глобалните централни банкари во текот на последните неколку децении.

Што може да не` врати на вистинскиот пат? Постојат некои позитивни развивања. Новата технологија во енергетскиот сектор, економијата на споделување, иновациите во здравството и биотехнологијата, како и индустрискиот интернет се нештата кои нудат надеж за повисок раст во иднина. Но, искористувањето на нивната моќ ќе бара политичка волја. За да се сподели напредокот, владите треба да откријат како да ја обучат работната сила на 21-от век, да ја обноват довербата во глобалните институции и да создадат законска рамка со која богатството ќе се шири поправично.

Во светот во кој старата економија и политичките парадигми повеќе не се важни, компаниите ќе треба да ги надминат предрасудите кои ги има во одлуките кои ги доведуваат да го следат истиот стар пат, повторно и повторно во нова економска ера. Успехот ќе дојде на неочекувани места. Тоа значи дека на корпорациите потребна им е поголема разновидност - во однос на полот, националноста, образованието, економската позадина итн. Ел-Ериан ги цитира компаниите како „Google“ кои ја одведоа разновидноста во сосема различно ниво во кое фокусот е ставен на страста, интелектот и карактерот.