Натпреварувајте се и освојте пат околу светот!

Натпреварувајте се и освојте пат околу светот!


„Go green in the city 2016“ е 6-то издание на студентскиот натпревар за аметни енергетски решенија организиран од „Schneider electric“. Студентите од целиот свет се покануваат да учествуваат во тимови од двајца и да ги споделат своите иновативни решенија за вистински бизнис предизвици во областа на енергетскиот менаџмент.

Може да се пријавуваат студенти по бизнис или инженерство постари од 18 години и на додипломски студии (најмалку втора година) или магистерски студии. 12 тимови ќе бидат испратени во Париз во септември годинава за да ги претстават своите идеи и да се натпреваруваат за пат околу светот, како и можност за работа во компанијата која го организира натпреварот.

Пријавувањето трае до 15 април.

Официјален повик.