Оглас за вработување во Тотал Плус Логистик

Оглас за вработување во Тотал Плус Логистик

Врз основа на член 22 и член 23 од Закон за работните односи (Службен весник РМ бр.167/15), Друштво за производство, трговија и услуги ТОТАЛ ПЛУС ЛОГИСТИК ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со седиште на ул.,,Качанички пат,, бр.254, Визбегово, тел: 02 2656-770, објавува оглас за вработување за  работно место:

 

Менаџер (key account)-1 извршител

на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување

 

total-plus-logistic

 

Потребни квалификации:

  • - ВСС
  • - Работно искуство најмалку 3 години на иста или слична работна позиција
  • - Задолжително познавање на англиски јазик (одлично пишување, читање и говорење)
  • - Одлично познавање на компјутерски вештини MS Office (WORD, EXCEL, POWER POINT)
  • - Возачка дозвола Б категорија   

 

Краток опис на работните задачи:

  •  - Определува цели на продажба на тимот со кој раководи ги следи во нивнa имплеметација и постапува според нивните поединечни остварувања;

 

Потребни вештини:

  • - Високо развиени аналитички и комуникациски способности
  • - Самоиницијативност
  • - Почитување и навремено извршување на зададените задачи
  • - Изразена способност за превземање иницијативи кои ќе ги задоволат стандардите и интересите на компанијата
  • - Од клучни значење е изразена способност за работа во тим


На вработените им нудиме:

  • - Работа во динамична, професионална и стимулативна средина
  • - Можност за напредување и понатамошно усовршување во работата
  • - Позитивна тимска атмосфера

   

Работната недела трае 5 работни дена, од понеделник до петок работното време започнува во 08:00 часот а завршува во 16:00 часот, полно работно време 40 часа неделно односно 8 часа дневно. Основната нето плата изнесува 25.000,00 денари.


Сите заинтересирани кандидати да испратат кратка биографија (CV) на е-маил info@totalplus.com.mk во рок од 5 работни дена од 01.02.2016 година до 05.02.2016 година, со назнака апликација за работно место Менаџер (key account).


Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од 90 дена по истекот на рокот за пријавување.


Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

 

Лице за контакт

Васил Ризов