Натпревар во програмирање, решавање на вистински проблеми зададени од Google... Пријавете се!

Натпревар во програмирање, решавање на вистински проблеми зададени од Google... Пријавете се!

Деновиве во Сеавус Едукативниот и равоен центар активно течат подговтовките за следниот настан наречен Google Hash Code, кој го привлече нашето внимание и од еден друг аспект.

Имено, организаторот на настанот е Марко Палоски, студент на Академијата за Мрежи, инаку активен во организирање на настани поврзани со програмирање повеќе години наназад што му обезбеди и дозволата за организирање на овој настан во Македонија.



Станува збор за онлајн, тимски натпревар во програмирање, во кој редовно земаат учество студенти и професионалци во областа на програмирањето од вкупно 55 земји од Европа, Блискиот Исток и Африка. На натпреварот се решаваат вистински проблеми и задачи зададени од страна на Google. Учесниците сами избираат во кој програмски јазик ќе програмираат, а учеството е преку тимови кои бројат од 2 до 4 членови, од кои еден член е назначен за лидер на тимот. Натпреварот е поделен во два дела: онлајн - квалификациски дел и финален дел. Во квалификацискиот дел тимовите и нивните членови поединечно можат да учествуваат од каде сакаат, но, се препорачува да ги користат Google Hash Code хабовите кои овозможуваат тие да се на иста локација и во меѓусебна непосредна близина, што пак придонесува до поголема продуктивност, зголемен ентузијазам и позабавна атмосфера. Оваа година хостинг hub локацијата за тимовите од Скопје е Seavus Eдукативниот и Развоен центар а самиот настан ќе се одржи на 11.02.2016та година во периодот од 18:30 до 22:30 часот.

Пријавувањето на тимовите за Google Hash Code завршува на 9ти Февруари во 18:00 часот, со аплицирање на линкот g.co/hashcode.

Највисоко квалификуваните тимови од сите држави ќе бидат поканети во Google Париз на 19.03.2016 каде што ќе се одржи финалниот дел од натпреварот.

Очекувањата на организаторот, нашиот соговорник Марко Паловски се оправдано големи, пласман на барем еден од нашите тимови во големото финале, но пред сé успешен натпревар, одлични проекти, нови искуства, забава и дружење од страна на сите учеснички групи во Seavus Едукативниот и Развоен центар.

За крај ја пренесувамe неговата мотивирачка порака за учество на Google Hash Code настанот, “Сметам дека луѓето кои се занимаваат со програмирање имаат многу придобивки од учество на натпревар од ваков тип. Најпрво тие стекнуваат огромно искуство преку решавање на проблеми со кои до сега не се сретнале. Овие нови предизвици ги учат на тимска работа, брзо пронаоѓање на најсоодветно, квалитетно решение и ги мотивираат за понатамошно истражување и надградување. Потенцијалот да го докажат својот квалитет во светски рамки и да се натпреваруваат рамо до рамо со стручни лица од оваа област од цел свет е нешто во што неизмерно верувам и како студент но и како дел од тимот на Сеавус Едукативниот и Развоен Центар чија мисија е токму ваква мотивација и градење на програмерски профил компетитивен во светски рамки.

Повеќе информации за целиот настан можете да најдете на: https://www.facebook.com/events/1176434682386017/