Работа на еден од најубавите острови на светот - плата над 1.400 евра

Работа на еден од најубавите острови на светот - плата над 1.400 евра

Подготвил: Драгана Петрушевска

Деновиве на Балканот кружи едно интересно писмо, кое може да се разбере и како оглас за вработување. Писмото е од д-р Магдалена Нардели-Ковачиќ, докторка од островот Млет. Нардели-Ковачиќ ги повикува сите свои колеги да дојдат да работат на, како што го нарекува, „еден од десетте најубави острови во светот“.


„Драги мои пријатели, ми треба ваша помош! Добив право да заминам во пензија и упатив барање бидејќи мислам дека често го одработив својот работен век во ординација и на терен“, заочнува писмото на докторката.

„И затоа ми треба вашата помош. Испратете ја веста во етерот (хрватски, балкански, европски, светски...), на социјалните мрежи на кои сте, во дијаспората. Поврзете ме со пријателите новинари за информацијата да стигне и до оној кој би сакал да живее и работи на еден од десетте најубави острови во светот. Јас сум оптимист и мислам дека некој таков постои во некоја амбуланта на копното или во некоја брза помош - во Хрватска или во соседните земји - наше е само да се потрудиме информацијата да стигне до него“, пишува таа.

Се наведува дека платата на докторот кој ќе се одлучи за ваква работа би била над 1.400 евра, во зависност од тоа дали е почетник или специјалист. Мора да има положено државен испит и возачка дозвола.

Додека адаптацијата на станот над амбулантата не биде готова, сместен ќе биде во селото, за што ќе плаќа општината. Одењето на копно нема да биде проблем бидејќи се работи за пракса со селаните.