Летен камп

Летен камп "Imagine peace" во Грција


Британскиот совет организира летен камп „Imagine peace“ кој ќе се одржи во Грција од 24 до 31 јули годинава.

Учесниците ќе учествуваат во интерактивни работилници и спортски активности кои ги промовираат олимписките вредности, како и мирот, дијалогот и почитувањето на разликите. Кандидатите треба да се на возраст од 17 до 25 години и да знаат англиски јазик. Организаторите ги покриваат сите трошоци освен патувањето до Атина.

Пријавувањето трае до 1 март.

Официјален повик.