Вработување во Министерството за одбрана... Отворени се 125 работни места!

Вработување во Министерството за одбрана... Отворени се 125 работни места!

Врз основа на член 37 и член 39 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на| Републиќа Македонија, бр. 36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15 и 193/15), член 1 од Правилникот за начинот за спроведување на постапката за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија, бр. 1 65/201 4), Правилникот за начинот на вршење на селекција на лица за професионални војници во Специјалните единици на Армијата на Република Македонија бр. 014108/1 од 19. 08. 2014 година и Правилник за изменување на Правилникот за начинот на вршење на селекција на лица за професионални војници во Специјалните единици на Армијата на Република Македонија бр. 01 -306/1 од 13. 01. 2015 година и бр. 01 -6543/1 од 20. 11. 2015 година, Министерството за одбрана на Република Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

1. За прием на 125 (сто дваесет и пет) професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија за работа на определено време со договор за вработување во времетраење од 3 години за:

- специјалните единици на Армијата на Република Македонија и
- други родови и служби на Армијата на Република Македонија.

2. Кандидатите за прием на професионални војници за служба во Армијата на Република Македонија од точка 1 на овој оглас треба да ги исполнуваат следните услови:

Општи услови:
- да се државјани на Република Македонија;
- да се полнолетни и
- да имаат посебна здравствена и физичка способност.

Посебни услови:
- да имаат завршено средно образование;
- да имаат завршено доброволно служење на воениот рок и
- да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.
- Кандидатите за специјалните единици на Армијата на Република Македонија да поседуваат пливачка способност, изразена можност за пливање 50 метри во должина.

3. Кандидатите во текот на постапката за прием на професионални војници, ќе бидат писмено тестирани (општообразовен тест и психолошки тест), ќе биде проверена нивната физичка способност, ќе им биде вршен интервју и ќе им бидат вршени здравствени прегледи од страна на посебни комисии формирани од Министерството за одбрана.

4. Кандидатите кои ќе ги поминат горе наведените проверки можат да пристапат кон селективен курс, со тоа што потребно е да дадат изјава за доброволно пристапување на селекција за избор на кандидати со неможност за барање на оштета од Министерството за одбрана во случај на повреда за време на спроведување на постапката за селекција и да склучат договор за спроведување на селективен курс.

5. При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.

6. Работното време е од 08, оо часот до 16. оо часот.

7. Платата изнесува од 18. 000. оо денари до 22. 000, оо денари.

8. Со избраните кандидати ќе се склучи договор за работа на определено време со времетраење на договорот oд три години.

9. Јавниот оглас за прием на професионални војници трае 15 дена од денот на објавувањето во дневните весници, a пријавите со потребните документи се поднесуваат во Секторот за цивилновоена соработка со регионални центри за одбрана вз Одделенијата за одбрана за регионите за градовите/општините во Република Македонија.

10. Кон пријавата која се поднесува и се заведува во Одделенијата за одбрана за регионите од точка 9 на овој оглас, кандидатите се должни да ги приложат во оригинал или заверена фотокопија следните документи:

- пријава
- своерачно пополнет прашалник со изјава за морапна, материјална и кривична одговорност за точноста на дадените податоци;
- диплома за завршено средно образование;
- уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци);
- извод од матична книга на родените;
- Уверенив дека не му е изречена мерка за безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци)
- уверение за отслужено доброволно служење на воен рок во АРМ; и
- лекарско уверение за општа здравствена состојба на кандидатот (не постаро од 6 месеци);

11 Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се земаат во разглвдување.

12. На кандидатите кои нема да бидат избрани по јавниот оглас и нема да засноваат работен однос во Министеротвото за одбрана како професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија, документите ќе им бидат вратени преку Одделенијата за одбрана за регионот од точка 10 на овој оглас, каде што се поднесени.