Како да дознаете дали партнерот ве изневерува?

Како да дознаете дали партнерот ве изневерува?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Експертите откриле одредени знаци кои покажуваат дека партнерот изневерува, а овие знаци може да ги прочитаме во однесувањето и невербалната комуникација на личноста. Реј Хербет открива на кој начин да се препознае неверството.


Експеримент спроведен на студенти кои не се познаваат, а кои комуницирале лице в лице и студенти кои разговарале преку интернет користејќи емотикони покажува дека парот кој комуницирал лице в лице многу поуспешно препознавал невербални знаци. Очекувано, парот кој комуницирал преку интернет многу повешто ги криел своите намери.

Научниците соработувале со независни експерти кои не биле вклучени во истражувањето да ги анализираат разговорите на паровите. Тие откриле дека осум несвесни гестикулации може да покажуваат дали соговорникот крие неискрени или лоши намери. Тие гестикулации се смешкање, смеење, наведнување напред, одвраќање со погледот, преклопување на рацете, нишање на главата и допир.

Други независни остражувачи откриле и други знаци за неискреност. Допирање на рацете и лицето, преклопување на рацете и наведнување наназад. Ниту еден од овие знаци не е стопроцентен знак дека соговорникот изневерува, но доколку се појавуваат заедно, може да значи токму тоа, според експертите.