Вработување во ГРАНИТ... Отворени се 55 работни места
ГД Гранит АД Скопје e најголемиот македонски градежен изведувач, чија основна дејност е изградбата на патишта и автопатишта, бренд кој е препознатлив и надвор од границите на Република Македонија. Главните активности на ГД Гранит АД Скопје се градежни активности од областа на високо и нискоградбата, со претежна концентрација на капиталните Проекти кои се обемни и знајчани како по нивната големина така и по нивната сложеност.
ГД Гранит АД Скопје има потреба од
Градежни работници
(50 извршители)
Потребни квалификации:
ВКВ градежен работник -тесар
Со и без работно искуство
Предност ќе имаат кандидатите со работно искуство како градежен работник- тесар
Компанијата нуди:
Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување за патен правец Кичево-Охрид
Основна плата 10.080 денари
За работа на Автопат Кичево-Охрид
Извршител на бетонска база
(2 извршители)
Потребни квалификации:
ВСС- машински или електро факултет
Со и без работно искуство
Работа на компјутер
Познавање на англиски јазик
Компанијата нуди:
Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување
Основна почетна плата без работно искуство18.000 денари
Основна почетна плата со работно искуство до 5 години во областа 24.000 денари
Работа на автопат Свети Николе –Штип 1 извршител
Работа во Битола 1 извршител
Личен профил:
Способност во организирање и приоритети
Одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија
Способност за тимска работа
Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
Способност за работа под притисок и во дадени рокови
Извршител на асфалтна база
(3 извршители)
Потребни квалификации:
ВСС- машински или електро факултет
Со и без работно искуство
Работа на компјутер
Познавање на англиски јазик
Компанијата нуди:
Работен однос на определено време од 3 месеци со можност за продолжување
Основна почетна плата без работно искуство18.000 денари
Основна почетна плата со работно искуство до 5 години во областа 24.000 денари
Работа во Скопје - 1 извршител
Работа во Битола - 1 извршител
Работа во Корешница-Демир Капија- 1 извршител
Личен профил:
Способност во организирање и приоритети
Одлични организациони вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија
Способност за тимска работа
Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
Способност за работа под притисок и во дадени рокови
Кандидатите покрај наведените услови, потребно е да ги исполнуваат и општите услови предвидени со Закон. Работа од огласеното работно место ќе се одвива од понеделник до петок со полно работно време (8 часа) од 07,30 до 15,30 часот. Изборот на кандидатите треба да се изврши во рок од 30 дена.
Огласот трае пет работни дена од објавувањето. Молбите за работа доставете ги во ГД,,Гранит,,АД-Дирекција Скопје на ул. Димитрија Чуповски бр.8, или на E-mail: jobs@granit.mk