Вработување во ТЕЛЕКОМ... Отворени се две работни места

Вработување во ТЕЛЕКОМ... Отворени се две работни места

ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ ВО МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ АД СКОПЈЕ 

Сектор за Продажба за деловни корисници- корпоративни корисници /Област на Главен директор за деловни корисници 

Работно место: Менаџер за продажба на ИКТ – два (2) извршители 

Ангажирање на лица на определено време на замена на вработени кои се на породилно отсуство 

Краток опис на потребни услови, работни задачи и способности/ вештини за работното место 

Услови:
Високо образование – Факултет за електроника и информациски технологии (ФЕИТ), Природно-математички факултет; (Електроника, Телекомуникации, Компјутерска техника), Економски Факултет или останати факултети
3-5 години соодветно работно искуство
Активно познавање на англиски јазикv Напредно познавање на MS Office
Напредни познавања на IP технологии, говорни технологии и опрема
Напредни технички познавања за модерните информациско - комуникациски технологии

Работни задачи:
Анализа на своите корисници од сегментација и следење на нивните деловни потреби и развој со цел позиционирање на Идентификација на потенцијали за продажба на ИКТ услуги/решенија управување со развојот на потенцијалот во сите фази од продажба до склучување на договор.
Следење на актуелните кориснички потреби преку непосредна комуникација, комуникација со продажните менаџери
Следење на локалните и глобалните пазарни случувања со цел да се креираат ICT решенија кои ќе бидат ценовно и технички прифатливи за корисниците
Идентификува нови бизнис можности и иницира развој и воведување на нови деловни модели согласно со пазарните барања, фидбекот од корисниците, истражувањата и комуникацијата со партнерите, активностите и позиционирањето на конкуренцијата
Претставување од продажен аспект на предложените интегрирани решенија/сервиси на крајните корисници (Unique Value Proposition), со цел да се објаснат и целосно опфатат корисничките барања, да се зголеми свесноста на корисникот за придобивките од решението и соодветно да се позиционира понудата во однос на конкуренцијата
Подршка во подготовка на комплексни техничко - финансиски понуди за говорни/податочни/интернет услуги базирани на фиксна и мобилна технологија дополнети со соодветна корисничка опрема
Поддршка и контрола при подготовка на техничко - финансиски понуди за големи и комплексни тендери кои во себе вклучуваат систем интеграциски аспекти и/или се однесуваат на набавка од поголем финансиски размер
Организација и координација на активностите во фаза на продажба, останатите неопходни делови од компанијата, вклучително и надворешните партнери, во насока на подготовка и испорака на понуди за комплексни решенија/продукти кои ќе се карактеризираат со висок квалитет својствен на нашиот бренд
Одржување на континуирана комуникација со корисниците и грижа за нивното задоволство од услугите на Компанијата
Подготовка на договори за ИКТ услуги и го следи потпишувањето на договорите до нивно предавање за реализација

Способности и вештини:
Напредни комуникациски и презентациски способности,добри аналитички способности и способност за решавање на проблеми, организациски вештини, стратешко размислување, самодоверба, прецизност, креативност, доверливост, флексибилност, корисничка ориентација, проактивност, професионална и лична мотивираност, тимска работа, конфликт менаџмент способности, способност за убедување, способност за работа под притисок и кратки крајни рокови
Кандидатот кој ги исполнува горенаведените квалификации треба да достави доказ за завршено образование, писмо за намери и биографија (CV со препораки и дипломи), на македонски и англиски јазик

Вашата биографија може да јаоставите електронски на апликацијата на следниот линк http://www.kariera.telekom.mk/ или истата да ја испратите на следнава адреса: Македонски Телеком АД Скопје, ул. Кеј 13 Ноември бр.6 со назнака оглас за ангажирање за - Менаџер за продажба на ИКТ

Огласот ќе трае до 19.02.2016.

Лице за контакт Соња Каргова телефонски број 070/200-667

Работно време во компанијата е од 08:00 до 16:00, односно, 40 часа неделно во прва смена.

Основна нето плата е во висина од 30.297,00 денари, додатоци на плата и финансиска мотивација за продажба.

Доколку на јавниот оглас се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот ќе се изврши во рок од 120 дена, по истекот на рокот на пријавувањето. Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Македонски Телеком АД Скопје го задржува правото да не го пополни огласеното работно место.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.