Едноставен трик помага при совладувањето на математиката

Едноставен трик помага при совладувањето на математиката

Подготвил: Драгана Петрушевска

Сите деца не ја сакаат математиката и за овие деца решавањето математички задачи може да биде тешка обврска. Ново истражување покажува дека учениците кои ги следат математичките задачи со прстите побрзо и полесно ги решаваат истите задачи.


Истражувачите од Универзитетот во Сиднеј откриле дека учениците кои ја користеле споменатата техника биле подобри математичари од оние кои не ја користеле. Истражувачите изјавуваат дека учениците кои користеле прсти за следење на примерите додека го читале материјалот добивале подобри резултати на тестовите и побргу ги завршувале задачите.

Тимот тврди дека следењето со прст можеби го намалува потребниот материјал за помнење и ја зголемува способноста за помнење комплицирани информации.

„Нашите откритија имаат повеќе примени за наставниците и учениците. Тие покажуваат дека учењето математика од страна на младите ученици може да биде зајакнато со едноставно додавање насоки за користење на прстот при следење на задачите“, изјавува еден од авторите на истражувањето, д-р Пол Гинс.

Во истражувањето објавено од „Learning and instruction“, истражувачите тестирале 275 деца на возраст од 9 до 13 години.