Мароко ја гради најголемата соларна електрана во светот

Мароко ја гради најголемата соларна електрана во светот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Мароко ја гради најголемата инсталација на соларни панели во светот, а после изградбата панелите ќе зафаќаат површина поголема од главниот град на Мароко, Рабат.

 

4


Инвеститорот се надева дека соларната енергија добиена после завршувањето на проектот ќе биде доволна за задоволување на потребите на домашниот пазар на енергија. Првиот оддел од фабриката го отвори вчера мароканскиот крал Мохамед VI, а треба да произведува 160 мегавати електрична енергија. Во почетната фаза се очекува „Noor 1“ да работи 20 часа дневно и да покрие подрачје од околу 24.3 квадратни километри.

 

2


Само инсталацијата е изградена во централен Мароко. Притоа треба да се напомене дека не е користена вообичаена технологија на фотонапонски соларни панели, туку многу поиновативна соларна термална технологија. Имено таа користи огледала кои ја следат состојбата на сонцето. На тој начин сончевите зраци поефикасно го загреваат маслото кое се користи за производство на пареа потребна за погон на турбините кои потоа топлинската енергија ја претвораат во електрична. Предноста на соларната термална технологија е тоа што со нејзина помош енергијата ќе може да се произведува и после заоѓањето на сонцето со оглед на тоа што во загреаното масло се топат соли кои подолго ја задржуваат топлината.

 

3


Од отворениот оддел наречен „Noor 1“ се очекува да произведува доволно енергија за да обезбеди повеќе од милион домови. Освен тоа, ќе произведува електрична енергија и до три часа после заоѓањето на сонцето. Завршувањето на целиот проект е предвидено за 2018 година, а после тоа оваа инсталација ќе произведува дури 560 мегавати електрична енергија - што во Мароко би требало да е и повеќе од доволно, па плановите се останатиот дел од енергија да се извезува на европскиот пазар.

Во проектот досега се вложени 3.9 милијарди долари. Германската инвестициска банка вложи милијарда долари, додека Светската банка обезбеди 400 милиони долари. Се очекува поради очекуваниот пад на цената на соларната енергија исплатливоста на ваквите проекти да порасне, па во блиска иднина може да се започне уште некој сличен проект.