Неделна временска прогноза - Какво време да очекуваме во текот на оваа недела?

Неделна временска прогноза - Какво време да очекуваме во текот на оваа недела?



Во Македонија во понеделник пораст на утринските температури поради зголемената облачност. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од -4 до 3 степени, а максималните дневни ќе се движат од 5 до 13 степени.

Во Скопје во понеделник ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 0 степени, а максималната дневна ќе достигне до 9 степени.

Во Македонија во вторник јужно воздушно струење кое ќе донесе умерено облачно време со повремени сончеви периоди и максимални температури од 7 до 15 степени. Во среда и четврток облачно со врнежи од дожд и засилен ветер, а на планините и повисоките места од 1000 метри со врнежи од снег. Максималните дневни температури ќе се движат од 4 до 12 степени. Во петок преодна стабилизација и пад на утринските температури, а максималните дневни ќе се движат од 6 до 14 степени.

Weather4all.com.mk