Стипендии за студирање во Обединетите Арапски Емирати
Универзитетот во Обединетите Арапски Емирати објавува повик за стипендии за докторска програма по хемиско инженерство во земјата наменети за домашни и странски студенти.
Кандидатите треба да имаат магистерска диплома од областа и најмалку 6,5 резултат на ИЕЛТС тест по англиски јазик. Месечната стипендија изнесува околу 1.650 долари за три години и можност за едногодишно продолжување, а во пакетот се вклучени и школарините, сместувањето и здравственото осигурување. Конкурсот трае до 31 мај.
Официјален повик.