Меѓународен самит за млади во Краков, Полска

Меѓународен самит за млади во Краков, Полска


Се објавува повик за учесници на вториот Меѓународен самит „Youth to youth“ кој ќе се одржи во Краков, Полска од 21 до 25 април годинава.

Самитот ќе се фокусира на разбирањето на корупцијата, транспарентноста во нашите животи и на него ќе учествуваат 60 странски и 25 полски учесници. За учество е потребно да се има најмногу 35 години, да се има основно познавање од областа и добро да се зборува на англиски јазик. Учеството чини 120 евра, но оваа сума ги покрива сите трошоци за престојот во Краков.

Пријавувањето трае до 14 февруари.

Официјален повик.