Последниот дел од теоријата на Ајнштајн може да открие нешто големо

Последниот дел од теоријата на Ајнштајн може да открие нешто големо

Подготвил: Тамара Гроздановски

Научниците на 11 февруари повторно би можеле да изненадат со големо откритие. Имено, се чини дека за прв пат се откриени гравитациони бранови, а на наведениот датум ќе биде откриено нешто важно.

 

научници


Откривањето на гравитациони бранови би било без преседан, а кој и да е одговорен за ова откритие, би можел да добие Нобелова награда, бидејќи станува збор за последниот дел од познатата теорија на релативност на легендарниот Алберт Ајнштајн.

Потврдата за откривањето на гравитациони бранови на научниците би им потврдило дека тие се на добар пат кон сфаќање како универзумот функционира. Во спортивно заклучокот би бил дека нашето моментално објаснување за тоа како функционира гравитацијата, всушност не е точно.

„Гравитационите бранови се посметувања во простор-времето, кое Ајнштајн го предвидел пред 100 години. Тие може да настанат во текот на раѓањето и судирот на црните дупки и можат да дојдат до нас дури и од најдалечните галаксии“, вели Саби Марко, физичар на Универзитетот Колумбија.

Како што веќе е познато, црните дупки се најгустите и гравитациски најсилни објекти во вселената, па ретката појава на нивниот меѓусебен судир треба да предизвика гравитациони  бранови, кои човек би требало да ги открие на Земјата, секако со помош на соодветна технологија.

Досега тоа не се случило, а дали 11 февруари ќе го промени ова, останува да видеме.

Темата на настанот кој е закажан за тој датум и кој ќе се одржи во Њујорк на Универзитетот Колумбија е поврзана со најновите податоци на системот LIGO (Laser Interferometer Gravitational-Wave Observatory), a станува збор за експеримент вреден милиијарди долари, кој уште во 2002 година е во потрага по феноменот на гравитациони бранови.

LIGO е огромен детектор во облик на буквата L ви кој работат повеќе од 1.000 научници од 15 земји низ светот. Научниците кои работат на проектот сега засега молчат со изговор дека им е забрането да зборуваат за било што.

Меѓутоа, се крена „прашина“ со меил пораката на физичарот Клиф Бурџес од Универзитетот Манчестер и Институтот за теориска физика во Канада. Поточно, врз основа на изразот „Woohoo!“ кој стоел на крајот од меилот, медиумите и научната заедница претпоставија дека веројатно станува збор за нешто големо. Неговиот меил бил испратен до медиумите веројатно од некој негов студент.

Во меилот се пишува дека „шпиони“ кои го виделе истражувањето велат дека во него пишува како биле забележани гравитациони бранови од судир меѓу две црни дупки кои имаат маси 36 и 29 пати поголеми од масата на нашето Сонце, и дека се движат со брзина на светлината. Во меилот стои и дека сигналот кој го виделе наводно бил „спектакуларен“.

„Ако е сето тоа вистина, тогаш постојат 90% шанси авторите на истражувањето да ја добијат Нобеловата награда за физика оваа година“, вели Бурџес.

Но постои и загриженост дека откриениот сигнал е всушност лажен, бидејќи шефовите на проектот LIGO знаат од време на време да испратат лажни податоци во системот, само за да видат дали научниците будно ги следат инструментите и што се случува во вселената.