Универзитетот Харвард со нов критериум за запишување на факултет

Универзитетот Харвард со нов критериум за запишување на факултет

Подготвил: Тамара Гроздановски

Кажете збогум на безбројните часови на учење за државна матура и приемни испити, и поздравете се со смислениот практичен интелектуален развој.

 

факултет


Кога размислуваме за запишување на факултет кој ќе не` издвои од сите останати, најчесто набројуваме во кои организации сме биле активни, кои оценки сме ги имале по одредени предмети, каков ни бил просокот во средно и на кои натпревари сме имале одлични резултати.

Не би рекле дека запишувањето на факултет е безгрижен процес - особено не за оние меѓу вас кои имаат помалку воннаставни активности или помалку добри оценки. Но, се чини дека критериумите за запишување на факултетите наскоро ќе се променат.

Универзитетот Харвард создал предлог наречен: „Започни промена: поттикнување на критериумот на грижа за другите и општото добро во текот на запишувањето на факултетите“, а во предлогот се истакнува потребата за реформи на приемните процеси на факултетите. Тие предлагаат пријавите да бидат базирани и оценувани врз основа на учеството на кандидатите во волонтерски проекти во локални заедници и страст за учење на различни работи кои нема да бидат само од академска област. Предлогот засега е прифатен од околу 80 професори од угледни универзитети, а поддршка има и од средните училишта и многу други образовни институции.

„Многу често, денешната култура на младите им испраќа порака дека личниот успех е поважен од грижата за другите луѓе и општото добро“, објаснува Ричар Вејсбурд, ко-основач на групата која го создаде новиот предлог.

Вклученоста во волонтерските проекти и проектите за соработка и помагање на заедницата би требало да биде показател за вистински интелектуален потенцијал кај младите луѓе, а овие податоци се идеални за откривање на личните интереси и предности од кои секој факултет би можел да има голема корист, тврдат луѓето кои го создадоа предлогот.

„Крајно време е да се намали стресот кај учениците и студентите кои се трудат да реализираат што подобар и поблескав академски успех, а исто така со ова би се намалила нееднаквоста помеѓу богатите и сиромашните студенти на кои не им се еднакво достапни ресурсите како што е квалитетното образование, дополнителната воннаставна содржина, инструкциите, менторството, финансиите за соработка во разни летни училишта, училишта за странски јазик и слично“, велат од групата која го созаде предлогот.

За волонтирање и проактивно учество во цивилниот сектор не треба да имате пари, туку само добра волја и желба за помагање, а токму овој критериум со текот на времето се` почесто ќе се зема во предвид при оценување на интелектуалните и социјалните капацитети на една академска личност.