Кариера во оне.Вип

Кариера во оне.Вип

Доколку сакате да станете дел од тимот на оне.Вип, освен долунаведените вештини, треба да сте тимски играч со позитивен став, со високо ниво на интегритет и со умешност во обезбедувањето услуги за грижа за корисниците.

Доколку ги поседувате вештините наведени подолу и сакате да станете дел од тимот на оне.Вип, Ве молиме испратете Ваша биографија и писмо за мотивација на англиски јазик на следната адреса за електронска пошта: оне.Вип kariera@onevip.mk.


Ве молиме наведете го секторот за кој аплицирате во полето „subject“ на електронската пошта.

Технички сектор – Oracle, PL SQL, Java, TIBCO, управување со проекти, способност да се работи под притисок и да се запазуваат кратки рокови.

Финансиски сектор – аналитички вештини, познавања за финансиско анализирање и финансиски изводи, искуство во финансиско анализирање и известување, напредни вештини во Excel, искуство во SAP, способност да се работи под притисок и да се запазуваат кратки рокови.

Маркетинг, продажба и услуги за корисници – искуство во работа со корисници, одлични вештини за продажба, извонредни комуникациски способности, способност да се работи под притисок, посветеност на решавање на задачи, напредни вештини во Excel, возачка дозвола од Б категорија (за работни места во Деловна продажба).

Течното познавање англиски јазик (писмен и устен) е задолжително за сите работни места во оне.Вип, заедно со познавања и/или заинтересираност за комуникации.

Што Ви нудиме ние?

Работа во меѓународна средина
Ви нудиме средина во која се почитува и се наградува квалитетот, во која сите вработени се охрабруваат да ги развиваат своите таленти и интереси. Како член на Групацијата Телеком Австрија, на нашите вработени им нудиме можност да работат во меѓународна средина и да разменуваат знаења, искуства и најдобри практики со своите колеги во Групацијата.

Постојано напредување
Нашата компанија е посветена на постојано учење и развивање на своите вработени. Вработените се во центарот на нашиот динамичен бизнис и ние ја црпиме нашата конкурентна предност пред другите од вештините, способностите, флексибилноста и одговорноста на нашите вработени кон нашите клиенти. Затоа, на нашите вработени им даваме шанса за постојан раст и развој преку формални и неформални обуки, како и други алатки за напредување.