Македонија втора година по ред го има најзагадениот град во светот

Македонија втора година по ред го има најзагадениот град во светот

Подготвил: Драгана Петрушевска



Нумбео“ е интернет-страница за статистики на глобално ниво. Меѓу другото, тие имаат најнови статистики за загадувањето во земјите низ светот. Според податоците, Македонија е втора најзагадена земја во Европа. Со индекс на загадување од 85,29, Македонија заостанува само зад Монако, која има индекс на загадување од 90,11.

Во целиот свет се наоѓаме на 11-то место, по Егиет, Либан, Монголија, Монако, Бангладеш, Перу, Азербеџан, Виетнам, Мјанмар и Кина.

Кога станува збор за најмалку загадените земји во светот, во најдобрите десет се најдоа Исланд, Естонија, Финска, Норвешка, Шведска, Нов Зеланд, Австралија, Швајцарија, Словенија и Канада.


Инаку, истата интернет-страница годинава, како и изминатата година го прогласи Тетово за најзагаден град во светот, а според извештајот на Светска банка за 2014, Македонија се најде на првото место на листата за изложеност на граѓаните на загаден воздух со цврсти честички.

Тетово се наоѓа на врвот на најзагадени градови со индекс на загадување од 99,24. Скопје се наоѓа на 39-то место со индекс на загадување од 80,59.