Најинтелигентните сериски убијци во историјата

Најинтелигентните сериски убијци во историјата

Подготвил: Драгана Петрушевска

За сериски убијци се сметаат луѓето кои во одреден период убиле најмалку тројца луѓе, иако во некои држави бројката е помала. Просечниот коефициент на интелигенција на серијските убијци изнесува 94,7, што се наоѓа во просекот, но многу од нив имаат или имале многу повисока интелигенција.


Џон Кристи

Роден е во Јоркшир, Англија во 1899 година. Кристи убил осум жени (можеби и повеќе) така што ги давел или ги принудувал да вдишат отровни гасови. Лешовите ги чувал во својот стан. Тој бил добар студент, со коефициент на интелигенција од 128, што е над просекот, а дури и добил стипендија од британската армија.

Едмунд Кемпер

Кемпер бил роден во Калифорнија во 1948 година. На 15-годишна возраст бил затворен бидејќи ги убил баба си и дедо си со пиштил, но бил пуштен кога наполнил 21 година. Тој потоа убил и масакрирал шест девојки од својот факултет. Во 1973 година ја убил мајка си и го задавил нејзиниот најдобар пријател. Тој имал ментално нарушување, но коефициентот на интелигенција на Кемпер изнесувал 136. Интелигенцијата ја користел за бегство од менталните установи.

Тед Банди

Роден бил во 1949 година во Вермонт, и на прв поглед бил шармантен. Точниот број на неговите жртви не е потврден, но се претпоставува дека убил 36 жени од различни држави. Неговиот коефициент на интелигенција изнесувал 136.


Кристен Гилберт

Атрактивната Кристен била родена во Масачусетс во 1967 година. Кога се вработила во медицинскиот центар за ветерани во нејзините смени биле пријавени многу смртни случаи. Така било утврдено дека таа била виновна за четири смртни случаи (иако се смета дека имало над 40), предизвикувајќи срцеви удари кај пациентите. Таа била одличен ученик и дипломирала пред останатите.

Џорџ Расел Џуниор

Познат како „Убиецот од источниот брег“, Расел како тинејџер покажувал симптоми на социопатија и насилно однесување. Тој развил омраза кон жените и брутално убил три. Иако го напуштил училиштето, бил многу интелигентен и го сметале за талентиран ученик.

Ендрју Кананан

Кананан бил дури и на потерница од ФБИ. Тој бил геј жиголо кој барал богати мажи во Сан Франциско. Започнал да убива во 1997 година. Убил петмина, меѓу кои и познатиот моден дизајнер Џани Версаче. Тој имал коефициент на интелигенција 147, имал фотографско помнење и зборувал седум јазици.


Керол Едвард Кол

Кол бил роден во 1938 во Ајова. Пораснал со проблематична и агресивна мајка, а поради омразата кон мајка си задавил 13 жени (а убил речиси 35) кои ја потсетувале на неа. На 14-годишна возраст имал коефициент на интелигенција од 152.

Шарлин Вилијамс

Шарлин била родена во 1956 година во Калифорнија. Иако нејзиниот сопруг убивал, таа учествувала во киднапирањето и силувањето на девет жени и еден маж, а некои од жртвите биле девојчиња. Таа имала коефициент на интелигенција 160.

Родни Алкала

Познат како „Убиец на игри на спојување на парови“, Алкала бил роден во Тексас. Од 1977 до 1979 година убил осум жени, а се верува дека бројот на неговите жртви изнесува дури 100. Тој бил генијалец со коефициент на интелигенција 160.

Тед Кацински

Теодор Џон Кацински бил роден во 1942 во Чикаго. Тој им испраќал бомби на своите жртви, а неговите жртви најчесто биле професори. Во период од 20 години, тој повредил 23, а убил три лица. Во 5-то одделение, коефициентот на интелигенција му изнесувал 167. На 16 години добил стипендија од „Харвард“. По дипломирањето станал доктор по математика.