Како парите тајно се крадат од јавноста на глобално ниво?

Како парите тајно се крадат од јавноста на глобално ниво?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Корумпираната власт и криминалците се брилијантни во криењето на парите и акциите од јавноста насекаде низ светот. Но, тимот на „Global witness“ смета дека може да се стави крај на ова.



Марк Хејс од споменатата организација за анти-корупција вели дека денешните криминални дела и кражби се прават со експлоатација на глобалната финансиска мрежа.

„Ова функционира преку банка или трансакција“, вели тој.

„Доколку сте корумпирано лице од власта или криминалец, потребни ви се три нешта. Прво, банка која ќе соработува со вас. Второ, адвокат, сметководител или друг помошник. И трето, автомобил за бегство. Анонимни компании обезбедуваат возила за пренос на пари без да бидат откриени“, вели Хејс.

Построгите контроли во овие три области би можеле да променат многу во глобалната корупција. Организацијата „Global witness“ наведува неколку работи кои се легални во САД и се прашува дали треба да бидат. Тие бараат крај за анонимното поседување компании, поголема транспарентност за приватните компании, поголема контрола на купувањето недвижнини од анонимни компании, одговорност на банките во случај на кршење на правилата, повеќе податоци за секој корисник од страна на банките, зголемување на казните за банките кои примаат пари од непроверени извори и поголема контрола од страна на адвокатите.

Основачот на „Global witness“, Чермијан Гуч е активистка и добитничка на ТЕД-награда во 2014 година. Во нејзиниот најпопуларен говор, таа дава специфични примери за глобалната корупција и начинот на кој парите тајно се крадат од јавноста.