Оглас за пракса во германската читалница

Оглас за пракса во германската читалница

ОГЛАС ЗА ПРАКТИКАНТИ ВО ГЕРМАНСКАТА ЧИТАЛНИЦА

ПРИ НАЦИОНАЛНАТА И УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – СКОПЈЕ 

Германската читалница во Скопје, чиј партнер е Гете-Институтот, нуди можност за практикантска работа за студенти во текот на 2016 година кои сакаат да го применат своето знаење и да ги подобрат своите вештини станувајќи практиканти кај нас. Практикантската работа е доброволна (неплатена) и од практикантите се бара да работат за време на работното време на Читалницата со корисници и, доколку е потребно и по работното време кога има настани, во текот на еден месец.

Работата на практикантите вклучува извршни задачи, како на пример вовед во работата на Германската читалница за нови посетители; зачленување на нови корисници; зајмување и раздолжување на библиотечниот материјал, опомени за враќање на зајмениот материјал според правилата на Германската читалница; изготвување информации, тематски пребарувања за Германија; прием и распределување на библиотечен материјал: внес на новопримен материјал во инвентарната книга на Германската читалница; изготвување на флаери/листи за новопримен материјал; разделување на флаерите/листите на други библиотеки, универзитети, средни и основни училишта, како и училишта за странски јазици, оттуѓување на библиотечниот материјал од фондот на
Германската читалница и изготвување на листи со оттуѓен материјал; културни и образовни настани: активна соработка со германски институции како и македонско-германски здруженија во Македонија. Помош при организација на културни и образовни настани што подразбира и преуредување на флексибилниот мебел за време на настаните;
афирмација на фондот и читалницата: подготовка на информации за читалницата и настаните во читалницата за веб-страните, фејсбук и сл., презентации за работата на читалницата, изготвување на информативни плакати и флаери во читалницата. Кандидатите треба да поседуваат минимално знаење за Германија и другите земји од германското јазично подрачје.

По завршување на практикантската работа, практикантите ќе добијат потврда за завршена практикантска работа, и доколку е потребно

писмо со препорака.

Месеците во кои ќе се одвива практикантската работа се:

- февруари

- март

- април

- мај

- јуни

- септември

- октомври

- ноември

- декември


Критериуми:

- Практикантите треба да бидат студенти на додипломски или последипломски студии на некој од Универзитетите во Македонија;
- Добро да го владеат македонскиот и германскиот јазик (на B 1) .

Познавањето и на албанскиот јазик се смета за корисно;

- Добро познавање на работа со компјутери;
- Комуникативност, флексибилност, адаптибилност, тимска работа, интеркултурна компетенција.

Како да аплицирате:

За да аплицирате, потребно е да испратите кратка биографија (CV) и мотивационо писмо, како и потврда од Факултетот дека сте студент или формулар за извршување на практична настава со потпис од вашиот ментор, на marianap@nubsk.edu.mk најдоцна до 15 февруари 2016 г., по што по пат на е-пошта ќе ви одговориме кога започнува вашата пракса. Во мотивационото писмо треба да наведете зошто сте заинтересирани за практикантска работа во Германската читалница, што очекувате да научите и како тоа знаење ќе ви биде од корист во иднина.