Оглас за вработување во Меѓународното училиште НОВА

Оглас за вработување во Меѓународното училиште НОВА

Работна позиција : Училишен доктор/медицинска сестра

 

Личност задолжена да дава прва помош и да спроведува првична грижа на учениците и вработените во Меѓународното училиште НОВА. Треба да има одлично познавање од англиски јазик (устен и пишан), искуство од работа со деца и да сака да работи во училишна средина. Искуство од областа на клиничката медицина би било корисно.

 


 

Работни задолженија:

  • - Давање прва помош
  • - Оценување и згрижување при чести заболувања, како што се настинка, воспалено грло, повраќање, алергиски реакции, вошки, и др.
  • - Комуникација со родителите во врска со здравствени проблеми на децата
  • - Давање емоционална подршка на учениците
  • - Пишување на едноставни извештаи за прегледи на деца
  • - Организирање и одржување на здравствени извештаи на учениците
  • - Вршење на годишни основни и очни прегледи
  • - Советување на вработените во врска со здравствени прашања
  • - Организирање на задолжителни имунизации за учениците
  • - Предавање на здравствено образование на учениците


Потребни квалификации:

  • - Кандидатот е потребно да е медицински доктор или сестра
  • - Одлично познавање на устен и пишан англиски јазик
  • - Минимум 2-3 години релевантно работно искуство

 

Заинтересираните кандидати треба електронски да ги поднесат следниве документи (info@nova.edu.mk): мотивациско писмо, резиме на англиски јазик и уверение за завршено образование. Краен рок за поднесување на наведените документи е 19 февруари, 2016. Oдбраните кандидати ќе бидат дополнително известени и повикани на интервју.