Ова руско возило може да се движи секаде

Ова руско возило може да се движи секаде

Подготвил: Драгана Петрушевска

Дали би сакале да се движите секаде кадешто ќе посакате? „Sherp ATV“ го овозможува тоа благодарејќи на уникатниот дизајн и без проблеми поминува низ замрзнато езеро и совладува пречки високи и до 70 центиметри.


Познатиот технолог и инженер Алексеј Гарагашијан се надминал самиот себеси со последното возило кое го дизајнирал. Возилото тежи 1.300 килограми, а со помош на моторот со сила од 44,3 коњски сили може да се движи по вода, снег, мраз или песок.


И покрај малиот мотор, возилото се движи со брзина од 45 километри на час на земја и 5,5 километри на час во вода. Во прва брзина може да се движи со брзина од околу 15 километри на час. Големите гуми му овозможуваат да се врти во место. Вообичаената големина на резервоарот собира 58 литри.

Неговата цена изнесува 49.000 долари, но со доплата може да се опреми и со генератор, приколка и поцврст покрив.