Државната изборна комисија објавува оглас за вработување 11 (единаесет) лица

Државната изборна комисија објавува оглас за вработување 11 (единаесет) лица

Државната изборна комисија врз основа на член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија" број 62/05, 106/08, 161/Сф, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12^ 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15 и 129/15) a во врска со член 22 став (1) алинеја 2 од Законот за вработените во јавнќот сектор („Службен весник на Република Македонија" бр. 27/14 и 199/14) и Правилникот за систематизација на работните места во стручната служба на Државната изборна комисија, бр. 011534/1 од 15. 1. 02015 година, 01219/1 од 26. 01. 2016 и 01219/3 од 09. 02. 2С 16 година, објавува

ОГЛАС БРОЈ 2 / 2016
ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 11 (ЕДИНАЕСЕТ) ИЗВРШИТЕЛИ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ТРАЕЊЕ ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2016 ГОДИНА ВО ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Државната изборна комисија објавува оглас за вработување 11 (единаесет) лица преку засновање на работен однос на определено време во траење до 31 декември 2016 година за следниве работни места:

1. Раководител на одделение за вршење на правни работи, Сектор за правни и нормативни работи, едукација, стручно административни работи и односи со јавноста 1 извршител.

Потребни квалификации: Образование:
Правни науки, најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен. Работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.

дневно работно време 8 часа (08:30 16:30), неделно работно време 40 часа;
основна нето плата 28. 046, 00 денари.

2. Раководител на подрачно одделение Карпош, сектор за составување и ажурирање на избирачкиот список, евиденција на избирачко право и описите на избирачките места 1 извршител.

Потребни квалификации:
Образование: Правни науки, најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен.
Работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.

дневно работно време 8 часа (08:30 16:30), неделно работно време 40 часа;
основна нето плата 28. 046, 00 денари.

3. Раководител на подрачно одделение Куманово, сектор за составување и ажурирање на избирачкиот список, евиденција на избирачко право и описите на избирачките места 1 извршител

Потребни квалификации:
Образование: Правни науки, најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен.Работно искуетво: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно 80 кредити стекнати според и според ЕКТС или завршен работно место во приватен сектор.

дневно работно време 8 часа (08:30-16:30), неделно работно време 40 часа;
основна нето плата 28. 046, 00 денари.

4. Раководител на подрачно одделение Кичево, сектор за составување и ажурирање на избирачкиот список, евиденција на избирачко право и описите на избирачките места 1 извршител.


Потребни квалификации:
Образование: Правни науки, најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен. Работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.

дневно работно време 8 часа (08:30 16:30), неделно работно време 40 часа;
основна нето плата 28. 046, 00 денари.

5. Советник за правни работи во одделението за вршење на правни работи, Сектор за правни и нормативни работи, едукација, стручно административни работи и односи со јавноста 4 извршители.

Потребни квалификации:
Образование: Правни науки, најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен. Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката

дневно работно време 8 часа (08:30 16:30), неделно работно време 40 часа;
основна нето плата 24. 710, 00 денари.

6. Виш соработник за избори, Подрачно одделение Кочани, Канцеларија Виница, Сектор за составување и ажурирање на избирачкиот список, евиденција на избирачко право и описите на избирачките места 1 извршител.

Потребни квалификации:
Образование: Правни науки или одбрана, најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен. Работно искуство: најмалку две години работно искуство во струката.

дневно работно време 8 часа (08:30 16:30), неделно работно време 40 часа;
основна нето плата 22. 032, 00 денари.

7. Виш соработник за избори, Подрачно одделение Тетово, Сектор за составување ажурирање на избирачкиот список, евиденција на избирачко право и описите на избирачките места 1 извршител.

Потребни квалификации:
Образование: Правни науки, политички науки или јавна управа и администрација, најмалку ЕКТС или завршен VII/1 степен. Работно искуство: најмалку две години работно искуство во струката.

дневно работно време 8 часа (08:30 16:30), неделно работно време 40 часа;
основна нето плата 22. 032, 00 денари.

8. Помлад соработник за избори, Подрачно одделение Куманово, Сектор за со< тавување и ажурирање на избирачкиот список, евиденција на избирачко право и описите на избирачките места 1 извршител.

Потребни квалификации:
Образование: Правни науки или јавна управа и администрација, најмалку 180 кредити стекнѕј
VII/1 степен.
Работно искуство: со или без работно искуство во струката.

дневно работно време 8 часа (08:30 16:30), неделно работно време 40 часа;
основна нето плата 20. 930, 00 денари.

Повеќе податоци за работните должности на лицата кои ќе работат во Држ^вната изборна комисија на работните места за кои е распишан огласот може да се најдат во Правилникот за систематизација на работните места во Стручната служба на Државната изборна комисија објавен на следниот линк: http://www. sec.mk

Заинтересираните кандидати треба да достават:
Своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
Кратка биографија CV со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
Доказ за бараното работно искуство;
Фотокопија од свидетелство за завршен степен на образование кое се бара за ^ботното место и
Копија од уверение за државјанство.

Потребната документација да се достави во затворен коверт на следнава адреса
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
бул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 54, 1000 Скопје(со назнака „за оглас за вработување")


Поради итноста на постапката, пријавите се доставуваат исклучиво преку архивата на Државната изборна комисија.


Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и во угврдениот poк
и приЈавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат

Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена сметан од денот на објавување на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до  17. 02. 2016 година (среда) до 16:30 часот.
По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Државната изборна комисија.
Државната изборна комисија ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со ч лен 23 став 2 од Законот за работните односи.
Лице за контакт:
Габриела Михајловска, 02/3244744, gabriela.mihajlovska@sec.mk
Агрон Меџити, 02/3244744, agron.medziti@sec.mk

ДРЖЛВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Генерален секретар
Добре Јанчев