Клиничката болница

Клиничката болница "Аџибадем Систина" вработува

Клиничката болница „Аџибадем Систина" има потреба од:

Ангажирање 3 преведувачи (англиски јазик)

Клиничка болница „Аџибадем Систина" има потреба од времено ангажирање преведувачи од англиски на македонски и од македонски на англиски јазик за времетраење на подготовките и контролата за акредитација no Joint Commission International (JCI).

Ангажирањето вклучува преводи и интерпретација на медицинска документација и медицинска терминологија заради што е потребно лицето кое ќе биде ангажирано да ги поседува следните квалификации и познавања:

-Завршен Филолошки факултет (англиски јазик - катедра за преведување и толкување)
-Кандидатот да е овластен судски преведувач
-Кандидатот да има искуство во преводи и интерпретација од англиски на македонски јазик и
обратно во здравствени установи (потребен пишан доказ за истото)
-Кандидатот да има искуство во преводи и интерпретација од англиски на македонски јазик и обратно во однос на здравствена документација и терминологија (потребен пишан доказ за истото)
-Кандидатот да нема финансиски интерес од КБ „Аџибадем Систина" кој би ја попречил неговата објективност во преведувањето
-Кандидатот да нема судир на интереси (нема член на семејството вработен во КБ „Аџибадем Систина" или друга организација/компанија поврзана со КБ „Аџибадем Систина" на кој било начин, односно во друга организација акредитирана no JCI стандарди)
-Кандидатот да не е сегашен ниту поранешен вработен на КБ „Аџибадем Систина"
-Кандидатот да не бил претходно ангажиран како консултант во КБ „Аџибадем Систина" за теми поврзани со процесот на подготовка за акредитација, со исклучок на превод на документи коишто Комисијата на JCI ги бара на увид на англиски јазик

Доверливоста е од исклучителна важност и задолжителна особина која кандидатот треба да ја поседува, особено во однос на извршените преводи

Огласот е отворен пет дена. Апликациите (вклучувајќи CV со фотографија и препораки од претходни работодавачи) треба да бидат доставени на епошта: hr@acibademsistina. mk.
Некомплетните апликации нема да бидат земени предвид при процесот на селекција.