Луѓето што вежбаат имаат поголеми мозоци?

Луѓето што вежбаат имаат поголеми мозоци?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Еве уште една причина за да почнете да вежбате. Колку повеќе вежбате - толку поголем ќе биде вашиот мозок.


Ново истражување објавено во списанието „Neurology“ открива дека луѓето кои не биле толку физички активни за време на зрелите години имале помали мозоци 20 години подоцна отколку оние кои вежбале.

Во ова истражување, научниците набљудувале 1.583 мажи и жени кои немале деменција или срцева болест. Тие вежбале на справа за трчање. 20 години подоцна, луѓето во истражување направиле нови тестови и нивните мозоци биле скенирани.

Скенирањето открило дека луѓето кои имале помал капацитет за вежбање во зрелите години почесто имале помали мозоци години подоцна, во споредба со оние кои имале висока фитнес-активност во зрелите години. Било откриено и дека луѓето чиј крвен притисок и пулс се зголемувал повеќе за време на вежбањето почесто имале помали мозоци.

Сепак, луѓето во истражувањето правеле скенирање на мозоците само на крајот на експериментот, што значи дека истражувачите не можат да докажат дека мозоците се намалиле со текот на времето.