Вработување во ПроКредит Банка
Продолжете да се развивате со ПроКредит Банка
Ако се идентификувате со целите и етичките вредности на нашата компанија, и сте љубопитни за другите земји и култури
ПроКредит Банка вработува:
Стручен за Информатичка технологија за подршка на апликации и развој
во Централната Управа во Скопје
Потребни вештини/знаење:
Завршено високо образование во областа на информатичка технологија
Познавање на .NET технологии (C#, VB)
MS SQL Server 2008/2012 бази на податоци
MS SQL Reporting Services 2008
Одлично познавање на англиски јазик
Одлични комуникациски способности
Способност за тимска работа
Способност за самостојно решавање проблеми
Можност за одговорно работење без надзор од претпоставен
Одлични интерперсонални способности, со можност за лесна и ефикасна комуникација со колегите на сите нивоа
Релевантно работно искуство во ИТ област ќе се смета за предност
Аплицирајте со испраќање на кратка биографија и мотивационо писмо на следнава емаил адреса job@procreditbank.com.mk не подоцна од 29.02.2016 година
Вашата апликација треба јасно да покаже, зошто токму Вие одговарате за оваа работа. Воедно во електронската пријава во делот за мотивациско писмо треба да ги наведете Вашите амбиции за аплицирање, а кои ќе бидат во релација со содржината од нашата меѓународна веб страна (
www.procredit-holding.com) и веб страната на нашата банка (
www.procreditbank.com.mk).
Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат за невалидни.
Распоред на работно време:
Дневно работно време од 08:30 до 16:30h.
Неделно работно време - 40 работни часа (од понеделник до петок)
Бидете информирани дека само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани и поканети во следните фази на регрутирање. Процесот на избор на кандидат, ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена зависно од бројот на пристигнати апликации по истекот на рокот за пријавување.