Зграда во која би го собрало цело Тетово

Зграда во која би го собрало цело Тетово

Подготвил: Драгана Петрушевска

Одбраната од поплави е важно прашање за големите градови кои се изложени на природни катастрофи. Концепт со име „Nex Tokyo 2045“ е смислен во соработка со „Kohn Pedersen Fox Associates“ и „Leslie E Robertson Associates“, а истиот предвидува сосема нов град кој би се изградил на брег во Токискиот залив.


Во центарот на градот би доминирала кула висока 1.609 метри во која би живееле 55.000 жители. Само за споредба, тоа е повеќе од населението во Тетово.





Доколку планот се реализира, облакодерот би бил двојно повисок од Бурж Калифа во Дубаи, моментално највисоката зграда во светот, висока 828 метри. Концептот предвидува и собирање и филтрирање на вода и добивање енергија од соларни панели.