Француска амбасада објавува програма за грантови - 2016

Француска амбасада објавува програма за грантови - 2016

Соочени со големите предизвици на современиот свет, Македонија и Франција споделуваат заеднички европски вредности, имено, почитување на човековото достоинство, слобода, демократија, еднаквост, владеење на правото, почитување на човековите права, вклучувајќи ги и правата на припадниците на малцинствата.



Вредности кои исто така ги промовира Франкофонијата, чиишто членки се и двете земји. Иднината на помладите генерации постојано нè загрижува и потребно е истата да ја доведеме до активности за промовирање на нивната мобилност и да им овозможиме вклучување во меѓународната средина.

Како дел од соработката со Македонија, Француската Амбасада во Скопје предлага партнерство со граѓанското општество со цел да поддржат проекти кои ќе овозможат промовирање на вредности и влогови преку конкретни активности.

Во 2015 година, со цел да развиеме партнерство, заеднички инициравме повик за предлог проекти наменети за помалите здруженија, кои често реализираат волонтерска работа, на кои е потребно да им се помогне во спроведување на локални и динамични проекти.

За 2016 година, потребно е проектите да припаѓаат на една од следниве две области :

-  промоција и заштита на човековите права, и тоа, прашања поврзани со слободата на изразување и борба против говорот на омраза, како и борба против дискриминацијата и родовата еднаквост.
-  младите и франкофонијата, поддршка на проекти од здруженија на млади или франкофонски здруженија кои работат на прашања поврзани со демократијата и владеењето.

Поднесените барања до Амбасадата се доставуваат со поплнет формулар на следниот линк http://www.ambafrance-mk.org/IMG/docx/formulaire-2.docx?3569/fadb4b7acff92602461cb602fc61779c35981ce5


Процедура за пријавување во програмата за партнерство :


Носителот на проектот барањето го доставува со пополнет формулар кон кој се приложуваат наведените документи во анекс.

Финансиската поддршка на Амбасадата не може да надмине 70% од вкупниот износ на проектот. Оваа финансиска поддршка е помеѓу 1000 и 5000 евра. Посебно внимание ќе биде посветено на доследноста помеѓу проектот и бараниот буџет.

Рокот за поднесување на барањата е од 1 февруари до 30 септември 2016 година.

Повеќе информации на следниот линк: http://www.ambafrance-mk.org/Partnerstvo-so-makedonskoto-grag-ansko-opshtestvo-2016