Кои IT компании нудат највисоки плати и како да стигнете до работно место таму?

Кои IT компании нудат највисоки плати и како да стигнете до работно место таму?

Подготвил: Тамара Гроздановски

„Facebook“, „BlackRock“, „Palantir“ и „Аmazon“ се меѓу компаниите кои најдобро ги плаќаат своите вработени, покажува истражувањето од веб страната „Glassdoor“.

 

компании


Меѓу 25-те компании на оваа листа доминираат IT компаниите. Со оглед на тоа што во наредните 4 години потребата за IT експерти ќе биде во пораст, ова се очекувани статистики.

Не само што големите компании како „Facebook“ постојано вработуваат и нудат високи плати, туку секоја година на пазарот се појавуваат и успешни IT компании кои исто така бараат добри IT експерти. Се проценува дека новите старт ап компании во просек ќе донесат околу 3 милиони работни места во првата година на своето работење, во втората година милион работни места, додека IT компаниите кои постојат веќе 10 години отвораат повеќе од 300.000 работни места.

Како до работа во IT компаниите кои се меѓу најпосакуваните работодавците на пазарот?

Се бараат одредени знаења и вештини

Некои IT вештини кои се бараат на пазарот влијаат врз тоа кандидатот да се истакне во однос на другите програмери, девелопери и веб администратори. На пример, познавањето и напредната употреба на програмските јазици како што се „JavaScript“, „Java“, „Ruby“ и „РНР“ (помеѓу останатите) моментално се доста важни за IT индустријата.

Не е се` на „Facebook“ и „LinkedIn“

Повеќето од нас имааат профили на овие социјални медиуми и денес тие се медиуми преку кои IT експертите и другите работници добиваат понуди за работа. Но, постојат и други специјализирани платформи на кои IT експертите поминуваат многу време. „GitHub“ или „Stack Overflow“ се некои од нив. Ова се места кадешто можат да добијат информации за новите производи, детали за софтверите и совети од водечките технолошки експерти и да реализираат некои контакти.

Учество на разни натпревари и организации


Програмерските натпревари на работодавците им овозможуваат на едно место да видат како студентите и младите професионалци презентираат, програмираат и применуваат одредени идеи или решенија за проблемите. Компаниите како „Microsoft“ се познати по своите ангажмани во оваа област.

IT организации за вмрежување

IT организациите и заедниците се често врска до одредена позната IT компанија. Овие организации и заедници на своите членови им обезбедуваат корисни вести за значајни конференции и случувања, кои трендови се актуелни и слично. Освен тоа, многу компании имаат директен контакт со едукативните институции, па школувањето на овие високообразовни институции често обезбедува и работа. Иако IT експертите се доста барани денес и има многу работа на пазарот за нив, не е секоја работа идеален за секој. Голем дел од IT компаниите на IT експертите им нудат одлични услови за работа, но не се сите работни места исти. За да ја добиете работата која ги задоволува сите критериуми, потребно е да се потрудите малку повеќе. Сите овие нестандардни начини за барање на работа се одлични за проширување на знаењето и напредувањето на кариерата.