Дефицитарни професии во Австрија за 2016 година

Дефицитарни професии во Австрија за 2016 година

Подготвил: Тамара Гроздановски

Листата за дефицитарни професии во Австрија секоја година се објавува на страната на Сојузното министерство за труд. Годишната листа на професии зависи од трендовите на развој, кој се очекува на австрискиот пазар на труд во таа година.

 

австрија


За 2016 година, австриското министерство за труд ја објави листата на дефицитарни кадри кои ги пофаќаат следните професии.

- Металоглодачи
- Металостругари
- Високо квалификувани техничари (инженери со високо образование или V степен) во областа на машинството
- Кровопокривачи
- Дипломирани машински инженери
- Високо квалификувани техничари (инженери со високо образование или V степен) во областа на електротехниката
- Дипломирани инженери по електротехника
- Дипломирани медицински техничари/сестри и медицински сестри/техничари со виша школа.

За сите професии за 2016 година барањата за црвено-бело-црвени карти треба да бидат доставени до 5 ноември 2016 година.

Повеќе информации можете да најдете ТУКА.