Хакирајте iPhone и освојте 100.000 долари

Хакирајте iPhone и освојте 100.000 долари

Подготвил: Драгана Петрушевска

PWNoRAMA е натпревар каде главната парична награда изнесува 100.000 долари, а истата ја добива натпреварувачот кој ќе хакира iPhone 6s. Се доделуваат уште 400.000 долари за други хакирања.


Натпреварот ќе се одржи во Сингапур на 23 и 24 март, а организаторите ќе доделат вкупно 500.000 долари за најдобрите хакери. Додека главната награда се доделува за хакирање iPhone 6s преку прелистувачот Safari, натпреварувачите може да добијат награда и за хакирање на:

iPhone 6s
iPhone 5c
Galaxy Note 5
Galaxy S6
Nexus 6P
LG G4
HTC One M9
Sony Experia Z5
BlackBerry Leap
Lumia 950

Сепак, главната награда од 100.000 долари ќе биде доделена на хакерот кој може да хакира телефон со многу малку или без интеракција од корисникот. Паричните награди потоа ќе бидат исплатени во период од 6 месеци за да се спречи продавање на методите од страна на хакерите.

Доколку сакате да учествувате, пријавете се овде и планирајте пат до Сингапур во март.