Оглас за вработување во Џонсон Мети

Оглас за вработување во Џонсон Мети

Реф. бр. 2016012
Оглас за работа:

СУПЕРВИЗОР НАЛИНИЈА
LINE SUPERVISOR

Локација: ЕСТ Macedonia

Emission Control Technologies е светски лидер во производство и развој на технологии за авто катализатори. Ги користиме нашите знаења за креирање иновативни производи кои играат клучна улога во намалување на штетните гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, животната средина, даваме целосна поддршка на нашите клиенти со цел исполнување на законските барања на глобално ниво.

Џонсон Мети има потреба од кандидат за позицијата Супервизор на линија да се придружи на тимот во Производство во фабриката за автокатализатори во Скопје. Кандидатот ќе биде задолжен за ефикасно водење и координација на тим во Одделот, организација на смени и извршување на активности поврзани со точно и навремено производство на катализатори.

Главни одговорности

Обезбедување проактивен и одговорен пристап кон правилата за заштита на животна средина, здравје и безбедност при работа во тимот
Водење, управување и супервизија на тим во Одделот за производство со цел исполнување на барањата на производствените линии според точно зададените планови и временски рокови (исполнување на дневни, неделни и месечни цели)
Водење и превземање одговорност за активностите и работата на тимот кој ќе биде под Ваша контрола
Обезбедување на квалитет според дадени спецификации и согласно утврдени временски рокови како и креирање на високо ниво на ориентација кон квалитетот заедно со својот тим
Контрола над процесите во сите делови на Одделот за производство за времетраење на соодветната смена
Демонстрирање силни лидерски способности, мотивирање и организирање на тимот, ефективна комуникација и тренинг активности
Подготовка и доставување на извештаи поврзани со резултатите од производството
Комуникација со останати оддели за решавање на тековни проблеми и активен придонес за подобрување на КПИ Работа на проекти за стратешко подобрување на производствениот процес, што покрај останатото, подразбира и активна комуникација со останатите смени и други оддели

Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
Пожелно, две години работно искуство во производствен процес на лидерска/супервизорска позиција
Докажани силни лидерски и супервизорски способности
Способност за организација, менаџмент со време и добри комуникациски способности
Добро познавање на процесите на производство
Искуство во планирање и ефективно работење во динамична и комплексна производствена средина;
Компетентен корисник на Microsoft Office софтвер и други пакети кои се користат во ЏМ (SAP, МЕЅ);
Неопходно е владеење на говорен и пишан англиски јазик

Позииијата подразбира работа во смени
Краен рок за аплицирање 28 февруари 2016