Наредната недела не` очекуваат многу новитети од мобилната индустрија

Наредната недела не` очекуваат многу новитети од мобилната индустрија

Подготвил: Тамара Гроздановски

промена

 

Во недела, се одржува годишниот „Светски конгрес за мобилни телефони“ (MWC) во Барселона кој ќе трае до 25 февруари. Овој конгрес отсекогаш важел за клучен настан за глобалната мобилна индустрија, меѓутоа не секогаш бил интересен за клиентите. Во годините наназад LG и Samsung се обидувале да не бидат изгубени од брзите најави и новости на другите брендови, па ги лансирале нивните производи една недела или месец пред започнувањето на конгресот.


Но, оваа година е различно. Скоро сите брендови ќе лансираат на MWC, со што значи дека ќе биде доста интересна недела. Ова се телефоните за кои се очекува да го направат своето деби.

Samsung Galaxy S7/S7 Edge


 

Samsung ги покани медиумите за време на еден од настаните во неделата и иако компанијата официјално не откри многу детали, износот на информации кои протекоа е надвор од границите. Неофицијално се знае цената на новите уреди, знаеме како тие изгледаат како и поголемиот дел од нивните спецификации.


Новите Galaxy телефони се доста слични на минатогодишните Galaxy S6 и S6 Edge. Најголемите новости веројатно ќе биде чувствителниот притисок на екранот, новите VR способности и надградбите на стандардниот процесор и камерата.

Се очекува и двата телефони да имаат Quad HD (2,560 x 1,440) ekrani, Еxynos 8 8890 окта-кор процесори, 4 GB RAM меморија и 32GB простор за складирање. Galaxy S7 веројатно ќе има 5.1 инчен екран и 3.000mAh батерија, додека Galaxy S7 Edge ќе има 5.5 инчен екран и поголема, 3.600mAh батерија.

LG G5

Иако LG e познат по откривање на деталите, сепак оваа година остави нашата имагинација да не` води. Компанијата ќе го лансира новиот Android предводник, LG G5, но не се знаат точните спецификации ниту пак изгледот. Се знае само дека телефонот ќе има „Always On“ екран, иако експертите не се сигурни што значи тоа.

 


Некои гласини покажуваат дека телефонот ќе има необичен, полу-модуларен дизајн, а некои слики покажуваат дека телефонот ќе има две камери од назад.

Пред самиот настан LG го откри LG Stylus 2, 5.7 инчен паметен телефон со 1.2GHz куад кор процесор, задна камера од 13 мегапиксели, 1.5GB RAM, 16GB простор за складирање и 3.000mAh батерија.

Huawei, ZTE и Alcatel


Кинеското трио на компании ќе прикажува доста важни нови уреди во текот на викендот, меѓутоа нема прецизни деттали.

Alcatel ќе прикаже уред кој ќе стане предводник. Компанијата е најдобро позната по своите пристапни телефони со солидни спецификации и најмалку една или две изненадувачки карактеристики.

Huawei ќе има доста голема најава во недела, но не постојат детали за што станува збор.

ZTE на пресконференцијата објави „имагинација и пошироко“ меѓутоа тоа не кажува многу. Компанијата ветува возбудливи најави, а претставник од компанијата изјави дека може да се очекуваат нови производи.

Sony и HTC

Во последните неколку години, Sony произведе солидни телефони, кои воглавно и не беа баш успешни на пазарот. Поради ова компанијата ја изгуби самодовербата кога станува збор за објавувања, а оваа година не се очекува нешто поголемо од Sony.  Иако компанијата има настан во понеделник, сепак се`уште не кажува што може да објави.

Слично на тоа НТС веројатно нема да лансира телефон оваа година, меѓутоа има најави поврзани со виртуелната реалност.

Lenovo и Xiaomi


Lenovo ќе лансира паметен телефон доцна во недела, а според тизерите на компанијата ќе има доста добри карактеристики. Компанијата планира да лансира и други уреди, иако не се очекува ништо револуционерно.

 

Xiaomi ќе го лансира новиот Xiaomi Mi5 во среда.


Microsoft и останатите

Технички Microsoft e огромен мобилен играч - после се`, компанијата го контролира третиот најголем екосистем на паметни телефони. За жал Windows Phone и не беше баш успешен на пазарот, а не се гледаат многу индикации дека тоа ќе се поправи.

Се чини дека Microsoft нема адут во ракавот, па веројатно ќе биде како гостин на настанот.

Минатата година BlackBerry го најави 5 инчниот екран на телефон со допир (да, BlackBerry е единствената компанија денес која мора да истакне дека телефонот има екран на допир). И двата телефони не беа успешни, па ако компанијата планира да лансира телефони, нивната судбина веројатно ќе биде слична.

Ниту еден паметен часовник

Иако MWC е настан воглавно за мобилната инустрија, ова е првиот пат кога шоуто ќе се фокусира исклучиво на мобилни телефони. Неколку покани се за еден тренд кој веќе изумира: паметни часовници. Иако во минатото на настанот беа лансирани голем број паметни часовници и други уреди погодни за носење, сепак тие не беа успешни. Оваа година фокусот е на телефоните и уредите за виртуелна реалност.