Викенд временска прогноза... Какво време да очекуваме на почетокот од наредната недела?

Викенд временска прогноза... Какво време да очекуваме на почетокот од наредната недела?

Во Македонија во раните утрински часови услови за локални врнежи од дожд ќе има во западните и северозападните предели како и во североисточните и источните предели. Во претпладневните и попладневните часови намалување на облачноста и со сончеви периоди. Ќе дува доумерен засилен југозападен и западен ветер, а попладне и северозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 3 до 11 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 10 односно до 21 степен.

Во Скопје во петок претпладне умерено облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста и ќе биде претежно сончево. Слаб југозападен ветер, кој попладне ќе премине во северозападен. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна до 18 степени.

Во Македонија во сабота се очекува продор на нестабилна и постудена воздушна маса од север, која ќе услови врнежи од дожд и пад на температурите, а над 900 метри и со врнежи од снег. Максималните температури од 5 до 14 степени. Вториот ден од викентот и во понеделник се очекуваат постудени утра со утрински температури од -3 до 6 степени. Во текот на денот сончево и потопло со дневни температури од 8 до 17 степени во недела, односно од 12 до 20 степени во понеделник. Во вторник претпладне претежно сончево, попладне дестабилизација и локални врнежи од дожд. Максималните температури од 13 до 21 степен.

Weather4all.com.mk