Најголемата закана за нашите работни места

Најголемата закана за нашите работни места

Подготвил: Тамара Гроздановски

човек интелигенција

 

Повеќе од половина од светското население во наредните 30 години може да остане без работа поради машините, вели еден компјутерски научник кој вели дека вештачката интелигенција која и` се заканува на економијата не би требало да се потцени.


Моше Варди, професор на Универзитетот Рајс, изјави дека технологијата претставува суптилна закана, истакнувајќи дека вештачката интелигенција би можела да доведе до глобална невработеност на ниво од 50%, елиминарјќи ги работните места на средната класа и зголемувајќи ја нееднаквоста.

Оваа промена би можела да се случи за 30 години, а неколку професии ќе останат имуни на последиците од вештачката интелигенција, вели Варди.

„Се приближуваме кон времето кога машините ќе можат да ги заменат луѓето во скоро секоја задача. Верувам дека општеството треба да се соочи со ова прашање пред да не` погоди. Ако машините се способни да ги работат сите задачи кои може да ги извршува човекот, што тогаш ќе прават луѓето“, вели овој научник.

Британскиот физичар Стивен Хокинг и директорот на „Теsla“ Илон Маск претходно наведоа слични предупредувања.

Хокинг изјави дека вештачката интелигенција може да донесе нови начини работите да тргнат наопаку за опстанокот на човештвото, а Илон Маск вели дека тие претставуваат најголемата егзистенцијална закана за човештвото.