Оглас за вработување во Државната изборна комисија

Оглас за вработување во Државната изборна комисија

Државната изборна комисија врз основа на член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија" број 62/05, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15 и 129/15) a во врска со член 22 став (1) алинеја 2 од Законот за вр,сектор (Службен весник на РМ, бр. 27/14 и 199/14) и Правилникот за систематизација на работните места во стручната служба на Државната изборна комисија, бр. 011534/1 од 15. 10. 2015 г  објавува
ПОВТОРЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2016
ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 5 (ПЕТ) ИЗВРШИТЕЛИ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ТРАЕЊЕ ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2016 ГОДИНА ВО ДРЖАВНАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Државната изборна комисија објавува повторен оглас за вработување 5 (пет) лица преку засновање на работен однос на определено време во траење до 31 декември 2016 година за следниве работни места:

Раководител на одделение за апликативен менаџмент и заштита - Секторот за информатичка технологија 1 извршител.

Потребни квалификации:
Образование: Компјутерска техника и информатика или информатика и автоматика или електроника и автоматика, најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен
Работно искуство: најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор дневно работно време 8 часа (08:30 16:30), неделно работно време 40 часа;
Основна нето плата 28. 046, 00 денари.

Советник за мрежна опрема, компјутерски мрежи во одделение за системски софтвер и одржување Секторот за информатичка технологија 1 извршител.

Потребни квалификации:
Образование: Компјутерска техника и информатика или информатика и автоматика или електроника и автоматика, најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен.
Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката
дневно работно време 8 часа (08:30 16:30), неделно работно време 40 часа;
основна нето плата 24. 710, 00 денари.

Советник за оперативни системи и бази на податоци во одделение за системски софтвер и одржување -Секторот за информатичка технологија -1 извршител.


Потребни квалификации:
Образование: Компјутерска техника и информатика или информатика и автоматика или електроника и автоматика, најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката
дневно работно време 8 часа (08:30 16:30), неделно работно време 40 часа;
основна нето плата 24. 710, 00 денари.

Советник за избирачки список во одделение за апликативен менаџмент и заштита - Секторот за информатичка технологија - 1 извршител.

Потребни квалификации:
Образование: Компјутерска техника и информатика или информатика и автоматика или електроника и автоматика, најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката
дневно работно време 8 часа (08:30 16:30), неделно работно време 40 часа;
основна нето плата 24. 710, 00 денари.

Советник за Парламентарни, Локални и Претседателски избори во одделение за апликативен менаџмент и заштита - Секторот за информатичка технологија - 1 извршител

Потребни квалификации:
Образование: Компјутерска техника и информатика или информатика и автоматика или
електроника и автоматика, најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
Работно искуство: најмалкутри години работно искуство во струката
дневно работно време 8 часа (08:30 16:30), неделно работно време 40 часа:
основна нето плата 24. 710, 00 денари.


Повеќе податоци за работните должности на лицата кои ќе работат во Државната изборна комисија на работните места за кои е распишан огласот може да се најдат во Правилникот за систематизација на работните места во Стручната служба на Државната изборна комисија објавен на следниот линк: http://www. sec.mk

Заинтересираните кандидати треба да достават:
Своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
Кратка биографија CV со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
Доказ за бараното работно искуство;
Фотокопија од свидетелство за завршен степен на образование кое се бара за ^ботното место и
Копија од уверение за државјанство.

Потребната документација да се достави во затворен коверт на следнава адреса
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
бул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 54, 1000 Скопје(со назнака „за оглас за вработување")


Поради итноста на постапката, пријавите се доставуваат исклучиво преку архивата на Државната изборна комисија.


Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и во угврдениот poк и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат

Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) работни дена сметан од денот на објавување на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до  25. 02. 2016 година (среда) до 16:30 часот.
По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Државната изборна комисија.
Државната изборна комисија ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со ч лен 23 став 2 од Законот за работните односи.
Лице за контакт:
Габриела Михајловска, 02/3244744, gabriela.mihajlovska@sec.mk
Агрон Меџити, 02/3244744, agron.medziti@sec.mk

ДРЖЛВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Генерален секретар
Добре Јанчев

20.2.2016 Дневник