Загатката која треба да ја решите доколку сакате да работите во Google

Загатката која треба да ја решите доколку сакате да работите во Google

Подготвил: Тамара Гроздановски

Тимот на Универзитетот во Оксфорд, канадскиот институт за напредно истражување и Google создадоа вештачка интелигенција која може да ја реши познатата загатка со 100 шапки.

 

гугл


Во загатката, 100 затвореници стојат во ред, еден пред друг, а секој од нив носи црвена или сина шапка. Секој затвореник може да  ја види бојата на шапката на затвореникот пред себе, но не и бојата на својата шапка или шапката на затвореникот позади него. Чуварот на затворот застанува пред секој затвореник и го прашува која боја е неговата шапка. Ако затвореникот одговори точно, ќе биде помилуван, а ако згреши ќе биде убиен.

Затворениците смеат да изговорат само „сина“ или „црвена“, но не е дозволено вртење, излегување од редот, ниту било каков друг начин на сигнализација.

Пред да застанат во ред, затворениците имаат можност заедно да ја смислат стратегијата која ќе успее да го реши проблемот.

Одговорот бара координирана стратегија и интерна комуникација, па со тоа загатката претставува еден од начините на кои технолошкиот гигант ги оценува идните вработени.

Решението?

Во најдобрата стратегија според вештачката интелигенција (постојат повеќе од една страгетија и не се сите еднакво успешни), 99% од затворениците преживуваат, а еден затвореник има 50% шанси да преживее.

За да се случи тоа, затвореникот на крајот на редот треба да каже „сина“ ако пред себе гледа парен број на сини шапки, или „црвена“ ако бројот на црвени шапки е непарен, и обратно.

Наредниот затвореник веќе знае дали бројот на сини, односно црвени шапки е парен или непарен и со тоа ја погодува бојата на својaта шапка.