Порака на тинејџер кој боледува од ретка болест: Имам само едно прашање до државниот врв

Порака на тинејџер кој боледува од ретка болест: Имам само едно прашање до државниот врв

Подготвил: Драгана Петрушевска

Ненад Павловиќ (16) од Нови Београд неделава објави видео на „YouTube“ кое само за неколку часа ја кренало цела Србија на нозе. Видеото го поттикнало и премиерот Александар Вучиќ да реагира на „Твитер“.


Имено, Ненад боледува од многу ретка болест на крвта, пароксизмална ноќна хемоглобинурија и за неа му е потребен исклучително скап лек. Постои само еден лек за ова заболување, а ретко може да си го дозволи секој, како што вели Ненад.


Поради тоа, тој одлучил да ѝ се обрати на јавноста. Она што неговата приказната ја прави различна од останатите е фактот дека тој не отвора жиро сметка и собира средства за лечење, но сака да му постави едно прашање на државниот врв.

- Мене не ми е цел да отворам жиро сметка со надеж дека луѓето ќе собираат пари, бидејќи тоа решение не е трајно. Мене ми е потребна достапност на лекот до крајот на животот. Во текот на изминатата година беа контактирани сите надлежни, но секако, до денешен ден сè е испреплетено и сржта е иста - нема парични средства. Затоа сакам да го прашам државниот врв дали тоа е вистина, дали нема пари за моето лечење и дали некој ќе преземе нешто. Бидејќи, како државјанин на Србија и под здравствено осигурување сметам дека е коректно да се лечам овде - вели Ненад во видеото.

За неколку часа, видеото направило бум на социјалните мрежи, а стигнало и до врвот на државата. Самиот премиер Вучиќ ветил дека ќе стори сè што може.