Благодарност за Тања Кочовска која насмеа десетици генерации деца и возрасни

Благодарност за Тања Кочовска која насмеа десетици генерации деца и возрасни


Тања Кочовска, една од нашите најпрепознатливи актерки, жестока и впечатлива на сцената, хумористична и доследна на својот имиџ на „ридикуло“ во сите настапи, претстави, интервјуа и изјави што и го потврди на овогодинешната 19та по ред „Златна бубамара“.

Зад себе има 23 години кариера и многу интернационални награди за својот придонес во претставите и изведбите на делата креирани во нејзиниот матичен театар, а прикажани на гостувањата на некои од најголемите меѓународните фестивали.

Septolete total blagodaram na preubavite zborovi i prekrasnite podaroci

Posted by Tanja Kocovska on Tuesday, 23 February 2016


Вработена е во Театарот за деца и младинци во Скопје од 1994 година и многумина ја паметат по улогите во Итар Пејо, Волшебникот од Оз, Алиса во земјата на чудата, Пипи долгиот чорап, Убавицата и ѕверот и многу, многу други.

За музичките и актерските способности на Тања Кочовска (алијас Мама Мортон во најновата претстава „Чикаго“ во МНТ) се пишува и се говори многу, а нејзината актерска луцидност, уникатност и печатот што го остава на сцената е она поради што и доби подарок и писмо со благодарност, во кое меѓу другото пишува:

„Твојот дух нé храни и нé одржува млади. Твојата енергија да ги покренеш сите и од секојдневна атмосфера да направиш бурлеска е она што е толку специфично за тебе, толку уникатно, толку ти.

Негувај го својот талент, разгали го и подари му го најдоброто бидејќи ние не очекуваме ништо помалку од тебе ниту во годините што доаѓаат.

Твоето грло е твојата моќ, користи го како и до сега... да пееш, да засмејуваш, да инспирираш, да мотивираш, да расположуваш, да ја разигруваш атмосферата и да восхитуваш“


Тања писмото го објави и на својот фејсбук профил.