Професор создал модел кој покажува кој ќе стане претседател

Професор создал модел кој покажува кој ќе стане претседател

Подготвил: Драгана Петрушевска

Професор на универзитетот „Стони Брук“ вели дека неговиот модел погрешил само еднаш од 1912 година.


Моменталните политички анализи велат дека Доналд Трамп е далеку од претседателската фотелја, но професор од универзитетот „Стони Брук“ вели дека неговите пресметки покажуваат дека тајкунот речиси сигурно ќе победи на изборите.

Професорот Хелмут Норпат вели дека шансите за победа на претседателските избори на Доналд Трамп се 97-99%. Норпат вели дека неговите пресметки се базирани на историски модели кои се покажале како точни речиси 100% во последните 100 години.

Норпат вели дека неговиот модел погрешил само еднаш од 1912 година, на изборите во 2000 година.

Според тезата на професорот, победата на Трамп во Њу Хемпшир му ги зголемува шансите за победа на Трамп на 97% во споредба со Хилари Клинтон.

Во трката меѓу Трамп и Берни Сандерс, шансите за победа на Трамп се покачуваат на 99%.