"Излезе во јавноста" победничкиот говор на Леонардо Ди Каприо

Подготвил: Тамара Гроздановски

Додека го чекаме Академијата конечно да му даде Оскар на Леонардо Ди Каприо, социјалните мрежи и интернетот постојано се шегуваат на негова сметка преку разни гифови, анимации и шеги поврзани со славниот актер.

 

лео


И покрај шесте номинации  и ниту еден освоен Оскар, вечерва конечно би можела да биде вечер на Лео, па неговите фанови одлучија да му помогнат во пишувањето на победничкиот говор.

После толку говори кои досега му пропаднале, компилацијата на неговите цитати од филмовите би можеле да бидат добитна комбинација, а социјалните мрежи се согласуваат дека би било доста интересно кога Лео навистина би го одржал овој говор. Во секој случај, фановите се согласуваат дека златната статуетка сега едноставно мора да му припадне нему.

Среќно Лео!