Месечен хороскоп за март 2016 година

Месечен хороскоп за март 2016 година

Подготвил: Тамара Гроздановски

Погледнете што ѕвездите ве советуваат за претстојниот месец.

 

2

 

Oвен


Работа - Во текот на март припадниците на овој знак ќе бидат подготвени дад се соочат со бројни предизвици. Проценете ги вашите постапки во претходниот период и сфатете што би требало да промените во вашето однесување за да реализирате цели кои сте си ги зацртале за себе за 2016 година. Најдобро би било тоа да го направите до 20 март. Овој месец ќе бидете под големо влијание од помрачувањето на Месечината, кое ќе трае до 14 март. Иако во текот на март ќе се појават бројни потешкотии кога станува збор за кариерата, не треба да се грижите бидејќи ќе бидат отсранети до крајот на месецот.

Љубов - Поради поволните планетарни аспекти во март, љубовниот живот на Овновите ќе биде исполнет со романтика. Слободните припадници на овој знак ќе запознаат интересна личност преку социјалните мрежи, а во тоа ќе имаат поддршка од своите пријатели. Исто така, љубовната среќа би можела да ви се насмевне додека се обидувате да ги реализирате вашите финансиски цели.

Здравје - Важно е овој месец да се насочите со алтернативна медицина, а од 20 март ќе бидете во одлична форма.

Бик

Работа -
Без оглед на потешкотиите, март ќе биде месец кога ќе го постигнете врвот во кариерата. Ќе се покажете како одличен соработник и ќе имате феноменални идеи кои ќе ви донесат напредок во идниот период. Со тоа, ќе имате и финансиска стабилност. Дел од парите ќе вложите, а благодарение на вашите луцидни одлуки и самодоверба парите за брзо време ќе се дуплираат. Би било паметно дел од финансиските средства да ги заштедите, ќе ви требаат за во иднина.

Љубов - Што се однесува до емотивните односи, тие во текот на март ќе бидат „зашеметени“ од помрачувањето на сонцето и неповолните планетарни аспекти. Многу Бикови ќе бидат соочени со предизвици и ќе мораат да се изборат со самото тоа за да собебрат сила да продолжат понатаму. Трудниците родени во овој знак мораат да бидат смирени во текот на овој месец бидејќи тоа е неопходно за нивната бременост да има позитивен резултат. Исто така, семејните односи во текот на март може да бидат нестабилни такашто ќе морате да вложите доста време за враќање на хармонијата.

Здравје
- Вашата виталност ќе биде на завидно ниво, такашто слободно можете да се посветите на некој спорт.

Близнаци

Работа -
Положбата на планетите овој месец е доста поволна за започнување на нови проекти, а ќе бидете и во можност успешно да спроведете бизнис планови од претходниот период. Кон крајот на месецот ќе добиете примамливи работни понуди, но неопходно е темелно да проверите. Финансиската ситуација ќе биде доста поволна во првите две недели од март, но подоцна би можеле да имате некои непредвидени трошоци кои ќе се одразат на вашиот буџет.

Љубов - Осамените Близнаци ќе мораат да бидат трпеливи и да почекаат настанување на нова врска, но можноста за такво нешто ќе се појави околу 20 март. За да дојде до тоа, неопходно е да го проширите кругот во кој се движите. Ќе трпи животот на зафатените Близнаци поради стресот на работа. Исто така, поради неповолни планетарни аспекти сега не е момент за донесување големи одлуки како венчавки, бременост или развод.

Здравје - Чувајте ја енергијата бидејќи здравјето ќе ви биде кревко.

Рак

Работа -
Ќе дојде до големи промени и трансформации во вашето опкружување. Ќе можете да очекувате значаен напредок во кариерата, особено после 20 март, а ќе бидете соодветно наградени. Покрај работата со која се занимавате, во март ќе имате можност да ја подобрите вашата финансиска состојба. Вашите претпоставени, како и членовите на семејството можат да ви бидат од голема помош за реализирање на приходите.

Љубов - Сите одлуки поврзани со емотивните односи на Раковите треба да се одложат за подоцна, бидејќи во текот на март нема да постојат поволни услови. Слободните Ракови можат да очекуваат нова врска, но со неа ќе дојдат и одредени проблеми. Уживајте во излегувањата и флертовите, но не очекувајте ништо сериозно овој месец. Раковите кои се во врска би можеле да наидат на одредени препреки кои ќе ги доведе до преиспитување како понатаму, додека оние во бракот ќе имаат лоши односи поради преголемата посветеност во работата.

Здравје - Одлично, но сепак внимавајте на себеси.

Лав

Работа -
Во вашето работно опкружување ќе дојде до неочекувани активности, кога вашата храброст во комбинација со дипломатијата ќе ви даде неверојатни резултати. Вашите цели ќе се реализираат до 21 март, а после тој период можете конечно малку и да здивнете. Ќе имате доволно аспекти за подобрување на финансиската состојба, парите буквално ќе ви паѓаат од небо. Сепак, бидете мудри и оставете нешто на страна, бидејќи надалеку сте познати по прекумерното и непотребното трошење на пари.

Љубов
- Во текот на март Лавовите повеќе ќе се насочат на страста и сексот отколку кон романтичните прошетки. Слободните Лавови ќе имаат можност да се запознаат со потенцијалниот партнер, додека тие во врска ќе сфатат дека се на добар пат нивниот однос да биде подолг и потраен. Брачните парови ќе бидат зафатени со активности, а можно е кратко патување после 20 март. На брачните односи може негативно да влијае стресот од работата, што особено може да се одрази на сексуалниот живот.

Здравје - Ова е месец исполнет со позитивност и голема енергија.

Девица

Работа -
Ова ќе биде месец на професионални предизвици за Девиците бидејќи ќе се соочат со конкуренција како во фирмата во која работат, така и надвор од неа. Ќе морате да бидете доволно паметни но и вредни за да ги избркате конкурентите. Но, вашиот партнер нема да има доволно слух за вашата преокупираност со работата. Доколку имате некои правни проблеми, тие ќе бидат решени до крајот на месецот. Вашиот финансиски статус ќе биде одличен во текот на март, со зголемување во наредниот период. Во тоа многу ќе ви помогнат работите кои ќе имаат било каква врска со странство.

Љубов - Осамените Девици имаат големи шанси да го променат својот љубовен статус овој месец, бидејќи ќе привлекуваат со својот шарм. Од друга страна, за припадниците на овој знак кои се во врска ова не е поволен период за склопување на брак или бременост. Девиците во брак имаат за цел да го зачуваат мирот во партнерските односи.

Здравје -
Можни се мали дерматолошки проблеми.

Вага

Работа
- Може да дојде до големи промени во работата и работната средина. Како последица на тоа може да се најдете на работното место, односно да а промените работата. Но, нема сомневање дека добро ќе се снајдете во новото опкружување и со новите должности. Ќе мора да направите драстично различни финансиски стратегии во однос на претходниот период, а тоа вклучува и скратување на трошењето на финансиите.

Љубов
- Слободните Ваги можат да очекуваат новиот партнер да го запознаат на некое социјално опкружување, во образовните установи или дури и во странство. Припадниците на овој знак кои се во врска ќе се најдат пред сериозни предизвици и ќе мораат да размислат за својата посветеност во љубовта и евентуалната иднина со сегашниот партнер. За Вагите кои се во брак, евентуалното проширување на семејството ќе се случи во текот на март.

Здравје
- Овој период е одличен за диети и детоксикација.

Шкорпија

Работа -
Под влијание на помрачувањето на Сонцето ќе дојде до промени во вашето работно опкружување. Вашата фирма и работа со која се занимавате ќе претрпат драстични трансформации. Сепак, иако ќе постојат препреки тоа нема да биде причина вие да не напредувате. Потребно е само предизвиците пред кои се наоѓате да ги претворите во можности и сигурни во себе започнете напред. Финансиските прашања за овој месец ќе доведат до намалување на приливот на пари. Сите важни одлуки поврзани за потпишување на договори или заштедување одложете ги потаму.

Љубов - Ова е дефинитивно месец во кој Шкорпиите ќе бидат доста моќни во емотивните односи. Слободните припадници на овој знак новиот партнер ќе го пронајдат на социјалните мрежи или додека се во потрага по нова работа. Немојте да вршите притисок уште од почетокот врската да биде сериозна туку оставете постепено да се развива. Шкорпиите во сериозна врска нека се подготват за свршувачка или бременост додека оние кои се во брак ќе бидат прилично авантуристички расположени.

Здравје - Нема потреба да се грижите за вашето здравствено осигурување бидејќи тоа ќе биде сосема солидно.

Стрелец

Работа
- На 4 март ќе дојде до драстични промени во вашето работно опкружување. Можно е компанијата во која работите целосно да ја промени својата намена или да се трансформира. Како и да е, ќе морате да се прилагодите на промените и да ги разгледате сите можности за да напредувате. Секоја промена за која ќе се одлучите, без разлика дали работите за некој или имате сопствен бизнис, добро би било да ја направите после 25 март. И заработката ќе ви стагнира во текот на овој месец, а за подобрување на финансиската ситуација треба да се стрпите до 20 март.

Љубов - Ова ќе биде прилично турбулентен месец кога станува збор за вашите емотивни односи. Слободните припадници на овој знак би можеле да влезат во нова врска но и да се соочат со проблеми додека зафатените би можеле да се одлучат за потомство. Сепак, најлошо ќе поминат оние кои во бракот ќе бидат во постојани распрвии до таа мерка што секој од вас ќе има посебен живот.

Здравје
- Здравјето ќе ви биде прилично кревко.

Јарец

Работа -
Од 20 март постои голема можност за нови бизнис планови, чијшто иницијатор ќе бидете токму вие. Иако се` ќе се случува во втората и третата декада од месецот, вие ќе имате енргија и ќе бидете подготвени за нови предизвици. Голем успех може да имаат Јарците кои се вклучени во семеен бизнис или работат со недвижнини. Што се однесува до финансиите, ќе биде напнато до 19 март, но подоцна ќе почувствувате одредено подобрување.

Љубов -
Иако слободните Јарци ќе им бидат магнетно привлечни на спротивниот пол, тие сепак нема да пронајдат соодветен партнер бидејќи личностите на кои ќе наидуваат ќе сакаат забава, а не посветеност. За Јарците кои се во стабилна врска, ова не е поволен период за планирање на бременост бидејќи наеднаш ќе се појават проблеми од минатото кои ќе ја нарушат хармонијата.

Здравје - Посветете повеќе време за себеси, променете го режимот на исхрана и започнете поинтезивно да вежбате.

Водолија

Работа -
Постои голема можност да ја промените сегашната работа или во фирмата да бидете унапредени. Ве очекуваат бројни бизнис договори кои треба да ги реализирате. Март ќе биде одличен месец за вашите финансии. Вашиот буџет ќе се зголемува без голем напор, а можно е да дојдете до уште поголеми приходи со помош на вашиот партнер.

Љубов - Слободните Водолии нема да ги интересира сериозни врски, но ќе имаат доста можности добро да се забавуваат. Водолиите кои се во врска ги очекува стресен период бидејќи односите во кои се не им дава вистинска љубов, такашто врската во март може да биде прекината. Оние кои се во брак, од партнерот ќе бараат повеќе посветеност и романтични моменти, но реалната состојба на работите ќе биде таква што и двата повеќе ќе се занимавате со себеси.

Здравје
- Ќе бидете во одлична форма.

Риби

Работа
- И покрај ретроградната планета, Рибите можат да очекуваат напредок на работа, но можни се промени во работното опкружување кое ќе биде предизвикано со помрачувањето на Месечината. Припадниците на овој знак кои се невработени можат да очекуваат среќата да им се насмевне заклучно со 20 март бидејќи ќе имаат можност да добијат одлична работа. Финансиската состојба во текот на март ќе биде одлична. Освен што професијата ќе ви донесе заработка, дополнителни приходи можете да реализирате со помош на пријателите или некој член на семејството.

Љубов - Слободните Риби би можеле да запознаат нов партнер додека брзаат кон реализирање на своите финансиски планови. Сепак, оваа врска веројатно кратко ќе трае. Припадниците на овој знак кои се во врска ќе бидат насочени кон романтика и заведување во првите две недели на март додека вториот дел од месецот треба да очекуваат финансиска поддршка од својот партнер.

Здравје - Можни се помали здравствени тегоби.