Оглас за вработување во Шпаркасе Банка... Минимална нето плата - 26.000,00 денари

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка... Минимална нето плата - 26.000,00 денари

ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА НАСЕЛЕНИЕ , СЕКТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ФИЗИЧКИ ЛИЦА (1 позиција во Скопје, определено време во траење од 6 месеци со можност за продолжување на договорот на неопределено време)

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободнa работнa позициja:

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
- ВСС, Економско образование;
- Најмалку 2 години работа на продажба на банкарски производи и услуги, а пожелно и повеќе години работно искуство на иста или слична работна позиција;
- Познавање на кредитни, картични и депозитни банкарски производи и услуги наменети за население како и познавање на други банкарски услуги;
- Спосoбност за самостојно донесување на одлуки;
- Способност за тимска работа;
- Активно познавање на работа со персонален компјутер (MS Office);
- Добро познавање на англиски јазик;
- Возачка дозвола Б категорија.

Опис на работното место/одговорности:
- Сеопфатно сервисирање (финансиски и сите останати банкарски услуги) на клиенти – примање и обработка на кредитни барања и цела пропратна документација од клиентите, евидентирање на инструментите за обезбедување;
- Врши анализа на кредитните барања и дава предлог мислење до соодветното ниво на одлучување;
- Надгледување на пласманите и наплата - следење на уредноста во подмирувањето на обврските на клиентите, нивно контактирање, координација на работата со службите за наплата;
- Води евиденција на клиентите, со цел запознавање на нивните потенцијални потреби, запознавање на клиентите со понудата на Банката;
- Одржување на квалитетни деловни односи со клиентите во согласност со политиката и процедурата;
- Остварување на контакти и препознавање на потребите на клиентите;
- Редовно одржување на контакт со клиeнтите од сопственото портфолио;
- Активна продажба на сите производи и услуги;
- Отварање, затварање и водење на сметки и депозити (денарски трансакциски сметки, девизни трансакциски сметки, штедни книшки и орочени депозити;
- Извршува и други обврски и има други одговорности на барање на претпоставениот.

Работно време: од 08:30 до 16:30 часот (понеделник – петок) и од 09:00 до 13:00 часот (сабота), во смени, 40 часа неделно. Почетна основна месечна нето плата: 26.000,00 денари.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија, дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 11.03.2016 година.

Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.

Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.