Ова се најуспешните Албанци во Македонија

Ова се најуспешните Албанци во Македонија


 
Голема вечер со големи имиња, почестени и достоинствено наградени. Таква беше “Оскаровата вечер” на албанците во Македонија – “Милингона е арт” 2015.

На гламурозна вечер, по четвртти пат по ред, беа доделени наградите за Достигнување на годината во девет категории, каде што се натпреваруваа истакнати албански личности. Нивното присуство во салата, дополнително донесе возвишеност за сите албанци во Македонија.

Добитниците на награди во девет категории се следните:
Достигнување на годината во Спортот:
Јасин Реџалари, Борец
Tалент на годината: Мурат Жерка, Режисер
Достигнување на годината во визуелна уметност: Невзат Бејтули – Кица, Сликар
Достигнување на годината во музика: Бла Бла Бла, Алтернативен рок
Научни публикации, книжевност и публицистика: Линдита Ахмети, поетеса
Достигнување на годината во сериозна музика: Шкелзен Бафтијари, Пианист
Достигнувања на годината на институциите со влијание во културата: Тетовскиот Театар
Достигнување на годината во медиумите: Вестите на Алсат-М
Достигнување на годината во изведувачка (сценска) уметност: Ќндрим Ријани, Режисер

На овогодишната манифестација присустуваа над 300 гости, помеѓу кои еминентни албански имиња од светот на уметноста, науката, спортот и бизнисот.



Две награди за кариера:

Посебен момент и емоција доживеа присутните во моментот на доделување на наградите за кариера. Првата, отиде во рацете на легендарната група “Телекс”, додека втората на истакнатиот професор, истражувач на алабанскиот јазик и литература, Ремзи Несими. Во четриесет години кариера, ова е прва награда за нас, тука во Македонија, од кај што поттекнуваме – истакна групата Телекс.

Впечатливо беше и видео обраќањето на виолинистот на Виенската Филхармонија, Шкелзен Доли, кој ова година доби признание, избран за годишната кауза која ја определува “Милингона е арт”, а се однесуваше на уметноста, како најефективна форма на ширење на албанските вредности, ширум светот.

ПРИЗНАНИЕ:

Признанието на “Милингона е арт”, ова години отиде во рацете на Фондацијата “Златна Рипка”, организација која секојденвно работи за исполнување на желбите на децата со тешки заболувања. “Златна рипка”, доби голема поддршка од публиката, а посебно беа ракоплескани и почестени за нивната примерна работа и труд!

ПРОМОТОР НА АЛБАНСКИ ВРЕДНОСТИ:

“Оваa е единствената награда, која сум ја добил во текот во мојот живот”- истакна со воодушевување Златко Ориѓански, добитник на овогодишното признание “Промотор на албански вредности”.

Модератори на гала свеченоста беа Јехона Шаќири, Генци Мирзо и Мали Кривца, под сценарио и режија на Сулејман Рушити.

Манифестацијата “Златна мравка”, се одржува веќе четири години по ред, додека оваа година беше овозможена со поддршката на:

Македонски Телеком – главен спонзор, Би-Милк, Министерството за Култура, Златен Даб, Унија Финансиска Скопје, Шпаркасе Банк, UNIQA, ЕВН, Порше Македонија, Градот Скопје, Фондацијата “Даути” и Екошар. Медиумски партнери: Алсат-М, Скрин Медиа, Порталб, Новатв и Телеграфи. Овогодишното стручно жири на “Милингона е арт” го соочинува: Ибрахим Мемети, Лулзим Хазири, Амернис Нокшиќи, Блерим Саити, Нора Халими и Арбен Арсланај.

Дополнително вечерата ја збогатија инструментистите Илбер Алиу, Таулант Руцај и Ардит Стафај.

Посебно задоволство изразија организаторите на манифестацијата за важноста и тежината која ја добива манифестацијата од година во година. Според нив, овие номинации, односно 42 номинирани лица “не прават посебно горди и подобри не само за нас, туку цела Македонија”.