Тинејџерките и социјалните медиуми - приказна за нивните онлајн тајни животи

Тинејџерките и социјалните медиуми - приказна за нивните онлајн тајни животи

Подготвил: Тамара Гроздановски

Ненси Џо Сејлс интервјуирала повеќе од 200 тинејџерки во врска со цоијалните медиуми и нивните интернет навики додека истражувала за нејзината книга „American Girls“.

 

девојки


Социјалните медиуми и апликациите за излегување ги ставаат под огромен притисок американските тинејџерки, вели Ненси Џо Сејлс во нејзината нова книга. Книгата ја раскажува приказната за една 13 годишна девојка која на нејзиниот Инстаграм профил добила предлог за голи фотографии од момче кое не го знаела.

Во 2 и пол години, колку што поминала во истражување за нејзината книга, таа интервјуирала повеќе од 200 тинејџерки од Америка за социјалните мрежи и користењето на интернетот. Таа вели дека девојките се соочуваат со огромен притисок да постираат секси фотографии од нив, и додава дека овој притисок може да го направи интернетот доста непријатна средина.

„Мислам дека многу луѓе не се свесни за тоа колку атмосферата се промени во социјалните ситуации, во смисла на тоа како девојките се третираат и како се однесуваат момчињата. Ова е еден вид на сексизам и мизогинија на еден доста екстремен начин“, вели Сејлс.

Делови од интервјуто


Како фотографиите на девојките и момчињата се разликуваат на Тиндер

Разговарав со 18 годишна девојка која заедно со нејзиниот брат разгледува низ Tиндер. Таа вели дека таа била изненадена од начинот на кој фотографиите на момчињата и мажите се различни од девојките. Момчињата повеќе имаат фотографии на кои се на планина, се искачиле на планина или држат голема риба - прават нешто машко. Но фотографиите од девојките се многу различни, имаат тенденција да бидат многу повеќе сексуални.

Овој притисок врз социјалните медиуми има длабоки корени назад.

„Трагав по потеклото и стигнав до една страна наречена „Hot or not“ која излезе во 2000 година. Целата идеја за секси, за жал, стана толкав фактор во животот на американските девојки, а тоа има широки последици за здравјето и благосостојбата на девојките, вклучувајќи и истражувања кои велат дека притисокот доведува до „сексуализирање“ на сите видови нешта. Ова е нешто со кое машките не мораат да се соочуваат“, вели Сејлс.

За момчињата кои бараат голи фотографии од девојките

Мислам дека фактот што толку често се зборува за голи фотографии и „sexting“ тоа е затоа што децата гледаат порно. Постојат многу истражувања кои велат дека тоа е така. И знаеме дека тоа е така. Тие се љубопитни. Поминуваат низ пубертет. Гледаат порно и сепак, никој не зборува за тоа. Не зборува ни за фактот колкав ефект има врз нивното однесување и што тие мислат за сексот и сексуалноста и како се справуваат и со едното и со другото. И навистина, не постојат насоки за девојките како да реагираат на сето тоа.

Социјалните медиуми и тинејџерките

Неколку 13 годишни девојки од Флорида и Њу Џерси ми кажаа дека ако не им испраќаат голи фотографии на момчињата, тие ќе започнат да шират гласини за нив и ќе започнат да испраќаат фотографии од голи девојки за кои ќе велат дека се тие. Постојат закани во животот на возрасните, но за жал, сега сме свесни дека истите тие секс закани се случуваат и кај помладите.

Многу е ризично за девојките да испраќаат голи фотографии, бидејќи кога ќе го направат тоа, ако изберат, тие фотографии нема да бидат приватни со што ќе можат да бидат споделувани и многу често и се споделувани. Слушнав приказна или ситуација кадешто девојката имала гола фотографија која била испратена на група на пријатели. Ова стана нормално нешто за нив.

Таканаречените „slut pages“

„Slut page“ е кога некој, обично момче (но не секогаш), собира голи фотографии од девојките од неговото училиште или областа блиску до училиштето и ги постира на веб страна. Сум ги видела на Фејсбук и Инстаграм. Изгледа како аматерска порнографија. Тоа е неконсензуално споделување на овие фотографии и некогаш се прави без знаење на девојките.

Зборував со девојките кои дознале за тоа преку текст пораки. Нивниот телефон  наеднаш ѕвони и тие дознаваат дека се споделувани на некоја страна. Ова е доста опасно, бидејќи станува збор за одреден вид на злоупотреба и малтретирање, а сето тоа многу често поминува неказнето.

Како порното влијае врз сексот?

Преку разговорот со девојките започнав да размислувам за порнографијата - навистина ме просветли за тоа како порнографијата има влијание врз нивните животи, бидејќи тие ми ги опишуваа интеракциите кои ги имале со момчињата. На пример: „Испрати ми голи фотографии“ или пак момче испраќало голи фотографии од себеси. Овие нешта што девојките ми ги опишуваа ми звучеа доста насилно. „Момчињата го очекуваат ова, момчињата го очекуваат она, очекуваат да го направиш ова или она“. Сите овие работи се поврзани со онлајн порно.

Постојат различни работи кои се популаризирани во порното. Порнограферите открија дека добиваат повеќе сообраќај, повеќе кликови, повеќе прегледи, што и да е. Ова се чини дека станува тренд. Постојат одредени однесувања кои успеваат да стигнат до тинејџерите.