Три милиони евра за зголемување на вработеноста во регионот

Три милиони евра за зголемување на вработеноста во регионот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Меѓународната организација за работа (ИЛО) и Советот за регионална соработка (РЦЦ) заеднички ќе работат на изработка на платформа за вработување и социјални прашања во западен Балкан во рамки на нов проект кој го финансира Европската комисија, а кој е потпишан вчера во Брисел.


Проектот вреден три милиони евра со има „Платформа за економски и социјални прашања“ заеднички ќе го реализираат Меѓународната организација за работа и Советот за регионална соработка во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија, пренесува „Al Jezeera“.

Преку проектот ќе се зајакне регионалната соработка како и институционалните капацитети на јавната управа, соработката меѓу работодавците и вработените, што ќе им овозможи да подготват и на ефикасен начин да ги спроведат реформите на пазарот на трудот и на тој начин на постигнат напредок во процесот.

Поврзување на институции

Генералниот секретар на Советот, Горан Свилановиќ вели дека „Советот очекува со здружувањето на силите со генералната дирекција за вработување, социјални прашања и инклузија, Меѓународната организација за работа и владите од западен Балкан да се допринесе на зајакнувањето на капацитетот ја јавните управи поради подобри резултати и следење на таа политика на вработување и управување со човечки капацитети“.

Регионалниот директор на Меѓународната агенција за работа за Европа и Централна Азија, Хајнц Колер, изјавува дека „со новата иницијатива за економски и социјални прашања веќе постојаната соработка со ЕУ ќе добие и регионална димензија. Тоа ќе овозможи и поттикне взаемно делување и поврзување на институции задолжени за пазарот на труд на западен Балкан како и поврзување со европските институции“.

Антонио Грациоси од Регионалната канцеларија за централна и источна Европа додава дека ќе се „посвети внимание на зајакнувањето на улогите и ефикасноста на социјалниот дијалог, унапредувањето на законските прописи за работа, промовирање на колективниот договор, зајакнување на инспекцијата за работа и осигурување на активното учество на социјалните партнери во изработка на политиката за пазар на труд“.

Главната цел на овој проект ќе биде зголемување на вкупната вработеност во регионот. Проектот ќе трае 36 месеци, а проектниот тим ќе се наоѓа во Сараево. Во проектот ќе бидат вклучени и непосредни и виртуелни активности како регионални состаноци, билатерални размени и развој на нови алати и информативни материјали.