Откријте од каде потекнува вашето презиме

Откријте од каде потекнува вашето презиме

Подготвил: Тамара Гроздановски

Дали некогаш сте се запрашале од каде доаѓа вашето презиме?

 

страна


Веб страната „Forebears“ може да ви покаже колку често е вашето презиме во различни делови од светот. Она што треба да го направите е да го напишете вашето презиме и да откриете каде вашето презиме е најзастапено, колку е популарно и од каде потекнува.

Веб страната открива дека најчестото презиме во светот е Ванг, со 76.546.675 луѓе кои го имаат, кои воглавно се од Кина.

Најчестото презиме во Австралија, Америка и Британија е Смит, а после него доаѓаат Џонс, Вилијамс, Браун и Вилсон.

Веб страната добила популарност откако географите од Универзитетскиот колеџ во Лондон ја создале веб страната „Named“ како дел од нивното истражување за да ги поврзат презимињата со локациите.

Страната, која користела податоци од телефонските именици и избирачките списоци од 26 земји, стана популарна во средата - таа ви ги кажува корените на вашето презиме, земјите и градовите кадешто е најпопуларно и најчестите имиња кои се поврзани со презимето. Исто така можете да барате популарни презимиња од различни региони преку „пребарување на областа“ или преку етничката припадност.

„Веб страната е интересен почеток на проект кој истражува дали нашите презимиња се поврзани со нашите географски подрачја“, вели професорот Пол Лангли, кој го води проектот финансиран од Економскиот и социјалниот совет за истражување во Велика Британија.

„Овој проект ни помага да го пришириме нашето разбирање за географијата на имиња со комбинации на имиња кога влегуваме во врска“, додава тој.

Тој вели и дека истражувањето покажува дека презимињата не се поместиле во текот на изминатите 700 години.

„Повеќето презимиња на англо-саксонските семејства дошле во употреба помеѓу 12-от и 14-от век, а за прв пат биле измислени во одредени делови од Велика Британија. Она што е интересно е дека повеќето луѓе не се преселиле далеку од семејните домови на нивните предци, па 700 години подоцна, повеќето презимиња се`уште се поврзани со одредени места. Секако ова не важи за сите презимиња. Географијата на многу популарни семејни презимиња (како Смит или Браун) се порамномерно проширени, иако дури и популарните презимиња какО Џонс, Вилијамс и Дејвис се`уште имаат силна регионална конотација“, вели тој.

Но, тој вели дека е интересно како тековниот фокус на миграциите на населението ќе влијае врз генерациите на презимиња.